1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европарламентот ќе бара датум за преговори со Македонија

Европскиот парламент денеска ќе побара да и’ се даде на Македонија датум за преговори, како и ослободување од визите за нејзините граѓани. Тоа стои во резолуцијата, што денеска треба да биде изгласана во Стразбур.

default

Мартовските избори се клучен предуслов: еврокомесарот за проширување, Оли Рен

Мартовските избори ќе бидат момент на вистината за Македонија, порачаа од Стразбур еврокомесарот Оли Рен и чешкиот вице-премиер Александр Вондра, во дебатата посветена на напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ. „Жалам што веќе три години нема преговори, но клучниот услов се меѓународните стандарди за слободни и фер избори, за да се одговори на критериумите од Копенхаген. Оттука, март е момент на вистината“ - рече Оли Рен. Во таа прилика, тој нагласи дека во текот на годинава, откако ќе бидат исполенти условите, ќе биде предложена либерализација на визниот режим за Македонија, но не прецизира кога.

Колкава пречка е името?

Сепак, според европратениците, за Македонија, најголемата пречка е името. Во тој контекст германскиот европратеник Бернд Поселт, не се согласи со констатацијата на комесарот Рен.

„Проблемите на Македонија не се поради тоа што демократијата не функцинира, поради проблемите забележани на изборите. Проблемот е во прашањето за името, кое создава билатералални притисоци“.

Повеќемина европратеници побараа да и’ се стави крај на неодржливата ситуација со демотовирачки ефекти за Македонија, која три години по стекнувањето на кандидатски статус се’ уште ги нема отпочнато преговорите за членство. „Ситуацијата на Македонија личи на грчка трагедија, сите даваат изјави, сите си ја плакнат устата, но ништо од тоа.

Bernd Posselt CSU Europaparlamentarier

Германскиот европратеник, Бернд Поселт

Пред три години бев сигурен дека пред крајот на мандатот ќе зборувавме за успех во преговорите, но за жал тоа не се случи. Главниот проблем е името на земјата“ - оцени полскиот евопратеник Јозеф Пињор. Тој, исто како и неколку други европратеници, изрази надеж дека проблемот со името ќе биде решен. И во предлог резолуцијата, за која ќе се гласа на пладне, спорен е само делот во кој се бара спорот за името да не биде пречка за европска интеграција на Македонија.

На Македонија и’ треба позитивен сигнал

Според Словенецот Јелко Кацин, ваквата ситуација води до појава на популистичко однесување во земјата. „Се’ повеќе и повеќе има популизам и национализам и вербални напади кон соседите. Потребна е позитивна еволуција во земјата, ние треба да имаме доверба во луѓето од Македонија. Таа заслужува подобра иднина, но потребно е и подобро почитување на меѓународните принципи и почитување на идентитетот, јазикот и културата.“

Шведската европратеничка Ана Ибрисагиќ е посебно задоволна дека предложената резолуција испраќа јасен сигнал. Таа, како и другите европратеници, изрази надеж дека грчката влада нема повеќе да го користи ветото против Македонија и дека ќе ја поддржи земјата при нејзините интеграции во Европската Унија и НАТО.

Грчкиот европратеник Антониос Тракателис и неговата колешка Елени Копа се бранеа дека нивната земја има конструктивно однесување во конфликтот со името, како и при евроатланските интеграции на сите балкански земји.

Решение преку преговори во ОН

Од Македонија и Грција се бара да изнајдат компромисно решение за проблемот со името во рамките на ООН. Во предложениот текст, за кој се гласа на пладне, се посочува дека решавањето на отворените прашања на Балканот не треба да биде пречка за пристапувањето во ЕУ и тие не треба да имаат предимство пред процесот на Европската интеграција.

Hannes Swoboda

Австрискиот европратеник, Ханес Свобода

„Постојат билатерални проблеми, но овие билатерални проблеми не смеат да ги спречуваат преговорите за членство“ - нагласи Ханс Свобода, кој изрази жалење дека неговиот амандман предизвикал недоразбирање. Тој појасни дека „другите билатерални прашања (кои се надвор од условите за членство) не треба да имаат предност пред процесот на европската интеграција.“

Да не се спуштат рампите на ЕУ

Германската европратеничка, Ангелика Бер, од Стразбур предупреди на опасноста од идеите на конзервативните политички сили во Германија, кои се залагаат во ЕУ да влезе само Хрватска и ниту една друга земја. „Со ваквите ставови се става во опасност кредибилитетот на ЕУ и се’ она што е направено за реконстукцијата на Балканот.“

Ivica Bocevski und Olli Rehn

Вицепремиерот Ивица Боцевски со комесарот Оли Рен на поранешна средба во Брисел

Предлагачот на резолуцијата, Ерик Мејер, смета дека Македонија заслужува да добие датум за преговори колку што е можно побрзо. Сепак тој предлага неколку измени во текстот на резолуцијата, меѓу кои е критиката за ургентното носење на околу стотина закони во текот на 2008, што според него не е во согласност со правилата на парламентарната демократија. Тој го критикува и демонстративното апсење на политички личности, кое доколку не бидат потоа изведени пред суд оставаат впечаток дека служат како инструмент за заплашување на политичките противници.

Македонскиот вицепремиер за европска интеграција, Ивица Боцевски, кој заедно со македонската парламентарна делегација исто така беше во Стразбур, е задоволен што резолуцијата препорачува да почнат преговори за прием, како и визна либерализација.