Европарламентот ќе испрати тим во Скопје, за испитување на случајот Ел Масри.
Калед ел Масри
Комисијата за испитување на случајот Ел Масри ќе испрати свој иследнички тим во Скопје. Европарламентот не е задоволен од одговорите на официјалните власти во Македонија околу овој случај на киднапирање и префрлање на гермаснки државјанин од Скопје кон Авганистан. Во македонското министерство за внатрешни рабтои велат дека се подготвени за разговори, но нема да дозволат испитување на првиот полицаец, Љубомир Михајловски.