1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Еврокритичарите се осоколени

Во време на еврокризата, ЕУ радикално губи поддршка. Од фрустрираноста на граѓаните во многу земји профитираат анти ЕУ-движењата. Тие го напаѓаат пред се' еврото, но не само него.

Дали План Б во Грција, УКИП во Велика Британија или партијата Алтернатива за Германија, политичката заднина за сите нив е различна, но сите тие и‘ го отежнуваат животот на ЕУ и носат промена на климата во европолитиката.

Евроскептичниот тренд, кој беше најавен уште при европските избори во 2009 година, дополнително зајакна со кризата на еврото. Според неодамна објавени резултати на анкетата на вашингтонскиот Пју Рисрч центар, само 45 проценти од испитаните во седум ЕУ-држави се поборници на ЕУ, додека пред една година беа 60 насто. Анкетирани биле околу 7600 луѓе од Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија, Полска и Чешка.

Финансиската криза ја закопува довербата во ЕУ, констатираат се‘ почесто експертите. Истражувачите од Пју Рисрч центар во извештајот одат чекор натаму, укажувајќи дека не се работи само за укинување на еврото, туку и за слабеење на ЕУ-интеграцијата во целост. Конечно, на кип е и целта - политичко единство во Европа. Овој развој со години предизвикува загриженост, вели и директорот на Центарот за истражување на европските интегративни процеси на Универзитетот во Бон, професор Лудгер Кинхард за Дојче веле. Тој сепак не смета дека е загрозена ЕУ-интеграцијата: „Финансиската криза не е егзистенцијален предизвик за интеграцијата, но сепак е предизвик во нејзиниот процес“.

Антиевропските движења се крајно „израз дека европското единство е се‘ порелевантно, се‘ посеризоно и контра него во последните години се формира незадоволството од различни извори“.

Политиката се судира со проблемот на веродостојност

И според мислењето на германскиот европратеник Елмар Брок, постојат многу подлабоки причини за подемот на евроскептичарите.

EU-Ukraine Gipfel in Brüssel

Елмар Брок

„Тоа е поврзано и со проблемот на веродостојноста на политиката воопшто“, истакнува претседателот на Комисијата за надворешна политика на ЕУ во разговор за Дојче веле. Тоа не може да се ограничи само на ЕУ-политиката. „Демократската политика мора повторно да ја врати довербата на народот“, бара политичарот. Со оглед на најновите изборни резултати во Европа, на евро-поддржувачите ќе им биде тешко да го запрат анти ЕУ-трендот. На парламентарните избори во Италија кон крајот на февруари протестното популистичко движење Пет ѕвезди на поранешниот комичар Пепе Грило забележа вистински бум. На локалните избори во Англија и Велс на почетокот на мај партијата УКИП, антиевропска и десноориентирана Јунајтед Кингдм инденпенс парти и‘ нанесе сериозни загуби на владејачката владина коалиција. УКИП стана четврта водечка политичка сила.

Хор на евро-бунтовниците

Дури и во Германија, земја каде најмалку се чувствуваат последиците на евро-кризата, партијата Алтернатива за Германија на парламентарните избори во септември би можела да го премине изборниот праг од пет проценти. Во последните анкети се наоѓа меѓу два и три проценти. Тоа е се‘ уште малку, но низата познати личности како нејзини членови предизвикуваат нервоза кај политичарите на етаблираните политички партии. АфП пак истакнува дека е формирана од поранешни членови на Христијанско-демократската унија, со што сака да ја потенцира својата сериозност и да се огради од десно-радикалната сцена.

Со барањата за истапување од еврозоната, АфП се приклучува кон хорот на евро-бунтовниците.

Експертот Лудгер Кинхард предупредува од излез од еврозоната, зашто ЕУ за своја цел има да стане политичка унија, што е повеќе од заедничкиот внатрешен пазар.

„Заеднички пазар на долг рок е незамислив без заедничка политичка унија со фактички европска влада“. Едното е неделиво од другото, истакнува тој.

Großbritannien UKIP Archiv 24.11.2011

Евроскептичарите во Велика Британија

Профитери во десниот табор

Не се работи само за еврото. Кризата очигледно го поттикнува стремежот кон поголема независност на некои региони на Европа. Каталонија, Шкотска или Фландрија се само некои примери за тоа. Елмар Брок во основа има разбирање за потребата од регионален идентитет, се‘ додека тој не е насочен против Брисел и не води кон расцепканост на мали државички. Ако Европа сака да срасне, би било погрешно таа да стане унија на 40 земји членки, истакнува Брок.

Освен тоа, постои опасност од подемот на регионалните или ЕУ-критичарските партии да профитираат силите непријателски расположени кон странците.

За да порасне довербата во сраснувањето на Европа, Брок пледира ЕУ и владите на земјите членки постојано да ги истакнуваат предностите на Европа.

„Може на пример во сите парламенти еднаш годишно да се воведе дебата за користа заради потенцирање на фактите“, предлага Брок. На овој начин би се избегнало спротиставување на националните со европските интереси.