1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврокриза: тензиите растат

Германската влада категорично ги отфрли размислувањата за неограничено проширување на финансиската моќ на европскиот фонд за спас на еврото, ЕСМ. Идејата ја дискутирале Италија и Франција.

Германската влада смета дека во договорот за постојаниот европски механизам за финансиска стабилност не е предвидена никаква банкарска лиценца, а не постои ни потреба од тоа, соопшти портпарол на министерот за финансии Волфганг Шојбле во Берлин. На министерството не му се познати разговори на оваа тема. Според досегашните одлуки, чадорот за спас на еврото треба да располага со 700 милијарди евра, од што на Германија отпаѓаат околу 27 проценти. На 12. септември германскиот уставен суд одлучува дали Германија може да се приклучи на Фондот за спас на еврото.

Неограничена моќ за ЕСМ?

Euro Europa Rettungsschirm Rettungsfonds

Чадорот за спас на еврото би добил неограничена моќ?

Новата дебата ја разгоре извештај во „Зиддојче цајтунг“ според кој идејата која веќе долго циркулира, а Греманија категорично ја одбива, имено, чадорот за спас да добие банкарска лиценца, добива се‘ повеќе поддршка во еврозоната. Тоа на Фондот би му овозможило земање кредити без ограничување кај Европската централна банка. Неговата  моќ на ваков начин би била неограничена. Тој би можел во големи количества да купува државни обврници од членките на еврозоната како Шпанија и Италија, нив да ги внесува како гаранција во Европската централна банка и со нови пари да купува нови обврзници. На ваков начин би дошло до пад на каматите и запирање на шпекулациите против еврото или одделни држави од еврозоната, гласи аргументот на поддржувачите на идејата. Критичарите сметаат-ваквите трансакции водат до финансирање на државите преку Централната банка, кое е забрането во еврозоната.

„Момент на вистината“

Во меѓувреме францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Марио Монти индиректно се изјаснија за нови интервенции на пазарите за државни обврзници.

Treffen Francois Hollande und Mario Monti in Paris Frankreich

Францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Марио Монти

По средбата во Париз во заедничкото соопштение тие ги критикуваа „превисоките камати“ кои мора да ги плаќаат моментно повеќе евро-држави. Оланд и Монти потенцираа-ќе направат се‘ „ за одбрна на еврозоната, нејзино опстојување и јакнење“. За таа цел мора да бидат реализирани заклучоците на последниот самит на ЕУ од крајот на јуни, што предвидува и можност државите кои во меѓувреме водат добра буџетска политика, да добијат поддршка од чадорите за спас на еврото-ЕФСФ и ЕСМ, на пример преку откупување државни обврзници.

Оланд и Монти посебно ја поздравија изјавата на шефот на Европската централна банка Марио Драги, според кого Банката со сите средства ќе го брани одржувањето на монетарната унија.

Сите очи сега се свртени кон Франкфурт-утре таму се состанува Советот на Европската централна банка, сигналот што ќе биде даден оттаму може според експертите да ја одлучи судбината на еврото, финансиските пазари го толкуваат како „момент на вистината“.