1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврокриза среде Атлантикот

На португалските Азорски острови се наоѓаат едни од ретките плантажи за одгледување на чајни билки во Европа. Но преживувањето на производителите на чај на островите станува сѐ потешко, а вината за тоа е кај еврокризата.

На падините на островот Сао Мигел, среде Атлантикот се наоѓаат последните европски плантажи со чај. Климата е блага, таму не знаат за мраз. Бербата трае секој ден од март до октомври. „Нашиот чај е нешто посебно, оти го одгледуваме на природен начин и воопшто не мораме да го прскаме.“ , вели еден работник на плантажите за чај

На 300 метри одалеченост од плантажите има и фабрика за чај. Таа работи од 1883 година. И машините потекнуваат од тоа време и уште издржуваат. Времето е релативен поим, но е потребно за одгледување добар чај. Листовите прво мора да оксидираат, потоа се сушат и тоа 3 пати- само така добива добра арома.

На крајот жените мора рачно да ги издвојуваат покрупните остатоци од стебленцата и дури тогаш чајот е подготвен за продажба. Најголемиот дел оди за извоз, првенствено во Португалија.

Во потрага по нови пазари

Но, со избивањето на еврокризата, цената на чајот стана превисока за најголем дел од Португалците. Производството на плантажите е поскапо отколку во Индија, на пример.

Од пред 5 генерации семејството Мота одгледува чај, но минатата година беше борба за опстанок. Затоа сега бара нови пазари. Купувачи најде најмногу во Франција и Германија.
„Продажбата опаѓа веќе 2 години по ред и падна за 10 проценти. Тоа значи дека германскиот и францускиот пазар мораат да го заменат протугалскиот“, вели сопственикот на фирмата Ча Гореана, Хермано Атаиде Мота. А како покана за идни купувачи, туристите смеат да фрлат поглед во производните погони и се разбира да го пробаат чај.

„Овој чај некако има поинаков вкус, како оној што го пиев кај баба ми. Тоа е сосема поинаков вкус отколку на чајот од супермаркет. Навистина има добар вкус“, вели туристката од Белгија Верле Ванробајс.

Туристите купуваат чај од Хермано Мота, но негов главен пазар останува извозот во странство. Тој си постави нова цел: да ги убеди Англичаните во квалитетот на неговиот чај, кој сѐ уште рачно се бере.