1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврокриза-Италија не сака да биде втора Грција

Италијанците не сакаат да бидат споредувани со Грците и Шпанците. Но, и нивната земја има слични проблеми како и другите кризни држави: невработеност кај младите од речиси 35 проценти и презадолженост.

Центарот на Рим, осум часот наутро - поголемиот дел од луѓето одат на работа. За кризата на еврото и овде се зборува.

Италијанците, навистина, не сакаат да бидат споредувани со Грците и Шпанците. Но, и нивната земја има слични проблеми како и другите кризни држави: невработеност кај младите од речиси 35 проценти и презадолженост како ретко која друга земја во Европа.

Државна презадолженост

Ана Мариа Симонаци, професор на универзитетот во Рим и меѓународно признат експерт, врши истражувања во однос на политиката на пазарот на работна сила. Таа ја смета државната презадолженост за најголема опасност за земјата. Италија уште не мора да бара помош од фондот за спас на еврото:

„Банките се стабилни, но нивното здравје зависи од стабилноста на нивните должници. Ако ситуацијата натамошно се влоши и јавното задолжување се зголеми, тоа би можело да ги повлече и банките“.

Proteste gegen Sparmaßnahmen in Rom Italien

Италијанците протестираат против мерките за штедење воведени поради кризата

Инвестициите доаѓаат првенствено од приватното стопанство, на пример Итало, новиот брз воз кон Милано, објект за престиж. Инвеститорите вложија една милијарда евра за да и’ прават конкуренција на државната железница.

„НТВ докажува дека се уште има инвеститори кои можат да реализираат големи проекти и да се придонесат за стопански пораст на Италија. Сметам дека инфраструктурата на Иалија е посилна отколку шпанската и дека ние ќе ја надминеме тешката економска состојба на земјата“, вели Винченцо Канатели, потпретседател на Нуово Траспорто Виаџатори.

Конкуренција на државната железница преку цените и квалитет

Четиринаесет часот и десет минути - возот тгрнува кон Милано.

Внатрешното уредување на возот е комплетно од кожа. Патниците можат да избираат меѓу три различни класи и сепак е патувањето нешто поевтино отколку со државната железница.

Седумнаесет часот и четириесет и една минута, Милано, станица Гарибалди. Во нејзината близина се градат канцеларии и станови, Градот е центар на текстилот и модата. Италијанскиот дизајн добро се продава насекаде во светот. Претприемачот Алдо Мистрали одамна го осозна тоа. Со својот деловен партнер, тој креира часовници. Специјализиран е за странските пазари. Таму прави 75 проценти од обртот, кој лани изнесуваше два ипол милиона евра.

„Извезувам во земји како Јапонија, САД или Англија, па поради тоа не сум зависен од кризата во мојата спопствена земја“, вели Алдо Мистрали, раководител на Соедис Груп.

Луксуз за средната класа - тоа е нивното мото. Еден часовник чини илјада евра. Наместо во Италија, тие сега побргу се продаваат во Лондон, Њујорк и Токио.