1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврокризата ја погодува и Кина

Европската должничка криза ја намалува глобалната побарувачка на производи. И Кина смета на значително намалување на економскиот раст, кој според западни мерила, меѓутоа, и натаму останува многу висок.

default

Терминал со контејнери во Чингдао едно од најголемите извозни пристаништа во Кина

Извозот е столбот на кинеската економија. Во изминатите години тој можеше постојано силно да расте. Годинава, кинескиот извоз најверојатно ќе забележи раст 20 насто. Меѓутоа, тоа ќе се промени.

Ју Бин, Директор на Државниот центар за истражување на развојот вели:

„ Ако глобалната економија не западне во длабока рецесија, ние предвидуваме наредната година кинескиот извоз да порасне околу 10 проценти. Во поединечни месеци може да има и негативен тренд, но сметам дека за можноста за тоа за целокупната година не е голем.“

China Textilarbeiterinnen

Фабриките мора да ги направат своите производи уште поконкуретни

Владата во Пекинг загрижена

Намалената побарувачка од странство ќе се одрази врз економскиот раст на Кина, велат експертите:

Од 2002 година брутодомашниот производ годишно растеше за повеќе од 9 проценти. Се очекува оваа бројка да биде достигната и годинава. Во наредните 12 месеци, кинеските економисти меѓутоа сметаат, само на раст меѓу 7 и 8 проценти.

Тоа и‘ задава грижи на владата. Таа побара од претпријатијата да го поттикнат извозот. Компаниите мора да ги направат своите производи уште поконкурентни. За возврат владата ќе ги намали даноците за извозот и финансиски ќе ги поддржи малите фирми.

Автор: Бенјамин Ајсел/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска