1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврокризата не прави летна пауза

Кризна политика без пауза. Канцеларката Меркел денеска пред Бунестагот ќе ги образложи владините позиции за еврокризата, а вечер во Париз со претседателот Оланд ќе изврши подготовки за утрешниот самит во Брисел.

Оваа недела повторно е под знакот на еврокризата. Утре во Брисел започнува дводневниот самит на ЕУ на кој повторно треба да се донесат нови мерки за надминување на должничката криза во еврозоната. Во Германија уште до крајот на неделава парламентот треба да гласа за Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ).

Под посебно голем притисок е германската канцеларка Ангела Меркел. Дури двапати оваа недела таа треба да му се обрати на Бундестагот, за уште еднаш да побара поддршка за нејзиниот курс во еврокризата - пред и по самитот на ЕУ во Брисел. Денеска Меркел пред пратениците во вообичаената владина изјава ќе ги презентира позициите на официјален Берлин за самитот во Брисел, а потоа в петок двата дома на парламентот - Бундестагот и Бундесратот, треба да гласаат за европскиот спасувачки пакет. И покрај сета критика се очекува тој да биде усвоен со неопходното мнозинство.

„Сметам дека во Бундестагот и Бундесратот ќе има двотретинско мнозинство, зашто сите се свесни за сериозноста на ситуацијата и Германија мора да испрати јасен сигнал“, вели Рајнер Бридерле, шеф на пратеничката група на владејачката Либерална партија.

ILLUSTRATION zu Fiskalpakt

Европските лидери утре ќе дискутираат за кризата во еврозоната

Меркел доцни

Меѓутоа, токму тоа германската влада не го прави, велат опозициските партии на зелените и социјалдемократите. Тие се за трајниот фонд за спас на ЕУ, но покрај тоа сакаат и воспоставување на заеднички европски фонд за долгови. Тие ја обвинуваат Меркел дека дејствувала премногу задоцнето.

„Кризата што ја имаме стана подолга поради тоа што ние премногу доцна ги направивме чекорите кон поголема интеграција во Европа“, вели шефот на пратеничката група на зелените Јирген Тритин.

Меркел е под притисок на времето. Уште сега може да се насети дека гласањето за европските реформски и спасувачки пакети е само меѓу-чекор до нови, вонредни седници во летната парламентарна пауза, зашто веројатно Бундестагот набргу ќе мора да одлучува за многу конкретна финансиска помош за задолжените земји од еврозоната.

Канцеларката Меркел, пак, вечер во Париз ќе има средба со францускиот претседател Франсоа Оланд. И овој термин служи како подготовка за самитот на ЕУ в четврток и в петок. Оланд се злага пред се’ за сеопфатен пакет за поттикнување на економскиот раст, со кој треба да бидат финансирани инвестиции и отворени нови работни места во еврозоната.