1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврокомесарот Етингер смета - нужен е отпис на долговите на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел е стриктно против отпис на долговите на Грција. Сега и‘ противречи нејзин партиски пријател, германскиот еврокомесар за енергетика во Брисел.

Германскиот еврокомесар за енергетика Гинтер отписот на долговите на Грција го смета за неминовен. Тој ова јасно го кажал при говорот пред политичари од Социјалдемократската партија зад затворени врати во четвртокот во Брисел, известува денеска весникот „Билд“. Етингер изјавата му ја потврдил и на весникот: „На крајот, нема да избегнеме отпис на долговите на Грција од јавните доверители“.

Со тоа еврокомесарот Етингер се позиционира против канцеларката Ангела Меркел. Германската влада досега стриктно отфрлува отпис на долговите на Грција. Но, тоа може и да се промени, прогнозира еконимскиот експерт Ларс Фелд. Најдоцна по парламентарните избори есента 2013. година, ќе дојде до повторен отпис на долговите на Грција, вели еконимистот од Фрајбург за весникот „Штутгартер нахрихтен“: „За повторно да застане на нозе, на Грција веројатно и‘ треба отпис на долговите од сите доверители“.

Уште денес се наѕира потребата на Грција од натамошни милијарди евра помош. Министрите за финансии од земјите на еврозоната во основа се согласни на Грција да и‘ бидат дадени дополнителни две години време за примена на бараните мерки за штедење. Во ваков случај на високозадолжената земја и‘ се потребни натамошни 33 милијарди евра. Од каде ќе бидат обезбедени парите, засега е нејасно. Конечната одлука за помошта и нејзиното финансирање треба да биде донесена на средбата на меѓународните кредитори следната недела.