1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврозоната во временски теснец за помош на Грција

Еврозоната до крајот на годината на Грција може да и‘ даде само една милијарда евра, поради тоа што се‘ уште не е завршен мониторингот на земјата од страна на т.н. тројка експерти од меѓународните доверители.

Еврозоната до крајот на годината може да ѝ додели на Грција само една милијарда евра заеми, преостанати од нераспределените во рамките на траншата одобрен уште летото, вели челникот на Механизмот за финансиска стабилизација, Клаус Реглинг.

Во моментов во постапка е редовната оцена на т.н „тројка“ меѓународни доверители (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд). Без нејзиното позитивно мислење, за Грција се недостапни траншите од заемите, а според најавите „тројката“ својот извештај ќе го поднесе пред крајот на годината, но не пред ноември. Механизмот за финансиска стабилизација во следните неколку седмици може да ѝ обезбеди на Грција милијарда евра, изјави синоќа Реглинг на прес-конференција по завршувањето на состанокот на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите членки на еврозоната). Претходно беше објавено дека еврозоната може да ја додели траншата од кредитот одобрена летово во текот на есента.

„Доколку се случи тоа (доделувањето на милијарда евра), остануваат уште 10 милијарди евра во рамките на актуелната програма за следната година“, соопшти Реглинг. Таа додаде оти средствата ќе бидат обезбедени во замена за исполнување на условите на доверителите од страна на Атина.

Втората програма за финансиска помош од еврозоната на земјата која неколку години е во длабока криза, се претпоставува дека ќе заврши во средината на 2014. година. Меѓународниот монетарен фонд, пак, ќе треба да го продолжи кредитирањето до 2016. година, но сепак се проценува дека и третиот пакет финансиска помош за Грција нема да биде доволен.