1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврогрупата ќе разговара за Словенија

Малата Словенија е новото проблематично дете на Брисел. Тоа страда, како и другите земји, поради лошата состојба на банките. Дали Љубљана може сама да се одржи на површина?

Словенечкиот министер за финансии Урош Чуфер на своите колеги од земјите од еврозоната утре (13.05) во Брисел ќе им ја претстави најновата програма за штедење на неговата земја. Малата Словенија страда поради лошата состојба на, главно државните, банки, но не сака да побара засолниште под европскиот чадор за спас.

Европската комисија ќе се изјасни за буџетската и реформска програма на Љубљана дури на 29 мај. Пред утрешната средба во Брисел, од извори во Еврогрупата се вели дека програма за помош за Словенија во моментов не е опција што се разгледува, но Љубљана мора да дејствува брзо и решително.

Министрите за финансии на земјите од еврозоната треба да дадат зелено светло и за нова помош за Грција во висина од 7,5 милијарди евра. Еврогрупата смета дека Грција напредува во спроведувањето на програмата за помош. Што се однесува до Кипар, утре земјата треба да добие прв кредит во висина од 3 милијарди евра од програмата за помош договорена во април.