1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврогрупата сака да ја држи Грција на курсот на штедење

Откако меѓународната кредиторска Тројка, донесе одлука да ја замрзне помошта за Грција, поради неспроведувањето на ветените реформи, темата беше на дневниот ред на средбата на министрите финансии од еврозоната.

Чуварите на благајните во еврозоната ја предупредија Грција да не го напушта нејзиниот тежок курс на реформи и штедење. Политички ќе биде сѐ потешко да се донесуваат натамошни мерки, изјави шефот ан Еврогрупата, Жероен Дијселблом, мислејќи притоа на големите социјални тензии во презадолжената земја. Грција мора да направи натамошни чекори за зајакнување на нејзината конкурентна способност, порача Дијселблом по вчерашната средба на министрите за финансии од 17-те земји- членки на Еврогрупата.

Меѓународната кредиторска Тројка сосставена од Европската комисија , Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка пред неколку дена соопштија дека ќе се вратат во Грција дури во јануари. Еврокомесарот за монетарни прашања Оли Рен сега прецизираше дека шефовите на мисиите на трите институции уште утре (среда 11.12.2013) ќе ја продолжат работата во Атина. Треба да се заврши што е можно поголема работа уште во декември, истакна Рен. Комплетните мисии на Тројката потоа ќе продолжат да работат од јануари. Претставниците на меѓународните доверители сѐ уште не го одобриле исплаќањето на наредната транша од помошта за Грција во вредност од една милијарда евра. Тројката меѓудругото бара натамошни процеси на приватизација во индустријата за оружје во земјата.