1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еврогрупата даде зелено светло за нова рата од помошта за Грција

Министрите за финансии од земјите од еврозоната дадоа зелено светло за деблокирање на нова транша од помошта за Грција. Сумата изнесува 7,5 милијарди евра.

Првата транша од 4,2 милијарди евра ќе биде деблокирана во наредните денови, додека втората транша од 3,3 милијарди евра ќе биде одделена во јуни, под услов Грција да ги примени реформите, договорени со кредиторите.

Еврогрупата денеска (14.05) го разгледува вториот отчет за примена на вториот план за спасувачката програма за Грција. Отчетот е подготвен од експерти од тројката кредитори на Грција (Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка). Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум истакна дека Атина демонстрирала добар напредок за реализирање на структурните и финансиски даночни реформи. Позитивните резултати во таа насока се изразуваат во намалување на буџетскиот дефицит и подобрување на ситуацијата на банкарскиот сектор, додаде претседателот на Еврогрупата.

Главна тема на состанокот на европските министри за финансии сепак беше Словенија, чија Влада се‘ уште тврди дека е способна самата да ја извлече земјата од финансиската криза на која во најголем дел и‘ кумува лошата состојба на тамошниот банкарски сектор.