1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Евровизиски дебакл на земјите од поранешна Југославија

Претставниците на Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора неславно минаа на овогодишниот натпревар за Песна на Евровизија. Од регионот, за настап в четврток (16.05) се подготвуваат уште Македонија, Албанија и Бугарија.

Се‘ уште нема детали за тоа како се одвивало гласањето на првата полуфинална вечер на Евровизија. Тие традиционално се објавуваат по завршувањето на целата манифестација. Она што е познато е дека 10. финалисти се: Молдавија, Литванија, Ирска, Естонија, Белорусија, Данска, Русија, Белгија, Украина и Холандија.

Стручното жири, кое вообичаено го сочинуваат пет професионалци од светот на забавата, ги оценуваше композициите и настапот, но од годинава целиот процес се одвива поинаку. Имено, поените не се доделуваат директно од 1 до 12, туку се рангираат песните и учесниците во првото полуфинале од 1 до 16. Кога ќе се соберат бодовите на членовите на жирито, дури потоа тие се претвораат во евровизиски поени.

Eurovision 2013

Српските претставнички „Моје 3“

Дополнително се сметаа и гласовите од 19. европски земји, од каде фановите имаа можност да гласаат класично: преку телефон или СМС, или преку новиот модел кој беше понуден годинава - преку апликација на смартфон.

Србија разочара

Неуспехот на трите српски претставнички „Моје 3“ да влезат во финалето е неочекуван, имајќи предвид дека тие беа сметани за фаворити на обложувалниците, а и фактот што настапија последни на првата полуфинална вечер им даваше дополнителни шанси. Но, причините треба да се бараат во сценскиот настап, неприкладните костими, кои, според мислењето на новинарите, создаваа впечаток како да се работи за детска Евровизија.

Екс-Ју блокот де факто е целосно „неутрализиран“ и покрај тоа што во четврток, во втората полуфинална вечер настапуваат македонските претставници Лозано и Есма. БиХ годинава не учествува поради недостаток на средства.

Eurovison Song Contest 2013 Halbfinale

Црногорските претставници Who See feat. Нина Жижиќ

Црна Гора, за која годинава настапија хип-хоп составот „Who See“ и Нина Жижиќ, не беше ни блиску до влез во финале. Тоа е веќе шести пат како претставниците на оваа земја не успеваат да се пласираат во финалето.

Хрватските претставници „Клапа с мора“, ја делат истата судбина. Ако е за утеха, далматинската нумера „Мижерија“ беше најголем фаворит на постарите генерации. И Словенија се враќа дома предвреме, иако нејзината претставничка Хана имаше веројатно една од најдобро продуцираните електро-поп композиции годинава, но по се‘ изгледа - недоволно убедлива за жирито и за публиката.

Дали 58. финале закажано за в сабота навистина ќе мине без претставник од Западниот Балкан ќе дознаеме в четврток, кога настапува македонскиот претставник, а од регионот уште и Бугарија, Грција, Албанија и Романија.