1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕВН и ЕЛЕМ се договорија

ЕВН и ЕЛЕМ и официјално ставија крај на двегодишниот спор. Адвокатите на двете компании во Основниот суд 2 ги доставија вонсудските спогодби на двете страни кои претходно беа договорени со премиерот Никола Груевски.

default

ЕЛЕМ и ЕВН постигнаа спогодба за наплата на старите долгови направени од страна на граѓаните, долг кој беше заостанат по продажбата на ЕСМ Дистрибуција.

Денеска напладне во владата на заедничка прес- конференција владата и директорите на ЕЛЕМ и ЕВН, Влатко Чинговски и Гинтер Офнер јавно соопштија детали за постигнатиот договор. Според него Долгот од 10,9 милијарди денари ќе биде наплатен од страната на ЕВН и ќе се дели на половина, односно 50 отсто за ЕЛЕМ и 50 отсто за ЕВН. Долгот пак, на јавните институции во висина од 19,5 милиони евра ќе оди директно кон ЕЛЕМ.

Logo ELEM - Macedonian Power Plants

„Она што е утврдено од судските вештаци е дека сума од 4,4 милијарди денари се наплатени во однос на старите побарувања кои изнесуваат повеќе од 10,9 милијарди денари само за електрична енергија, од таа сума 2,2 милијарди и припаѓаат на ЕЛЕМ, а останатите според договорот припаѓаат на ЕВН“, вели директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.

Пешевски: И најкомплицираниот спор може да се реши

Тој додаде дека останува да се наплатат уште 22,5 милиони евра од кои што три милиони ќе бидат исплатени во рок од десет дена и префрлени на Електрани на Македонија, додека пак, останатите 19,5 милиони евра се всушност средства кои ЕЛЕМ ќе ги наплатат од јавните институции кои што се во состав на Владата.

„ЕВН ќе се труди да ги наплати старите побарувања и се што ќе се наплати ќе се дели 50 отсто за ЕВН и 50 отсто за ЕЛЕМ. Од веќе наплатените стари побарувања ЕВН ќе и плати на ЕЛЕМ три милиони евра и ќе му отстапи на ЕЛЕМ побарувања од јавни и држани институции од 19,5 милиони евра“, изјави, шефот на ЕВН, Гинтер Офнер. Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски вели дека со решавањето на овој спор помеѓу ЕВН и ЕЛЕМ се докажува дека во Македонија и најкомплицираниот спор може да се реши.

Автор: КД/СН/макфакс

Редактор: Симе Недевски

DW.COM