1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Евакуирани 250 000 жители на Сан Диего

*

Околу 250 000 жители на градот Сан Диего во американската држава Калифорнија се евакуирани поради опасноста од ширење на пожарите кои веќе трет ден беснеат во регионот. Поголемиот дел од огновите се уште се надвор од контрола. Меѓу најпогодените области е и Лос Анџелес и Малибу каде живеат голем број холивудски ѕвезди. Гувернерот Арнолд Шварценегер, прогласи вонредна состојба во седум области. До сега во пожарите загина едно лице загина, а 14 се повредени. Високите температури и силниот ветар придонесуваат за ширење на огнот.