1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Евакуација на рускиот брод заглавен во мразот на Антарктикот

Евакуацијата на патниците на рускиот брод „Академик Шокалскиј“ кој е заглавен во мразот на Антарктикот, денеска (2.01) беше изведена со помош на еден кинески хеликоптер,.

Шефот на експедицијата Крис Тјурнеј на својот Твитер-профил напиша: „Кинескиот хеликоптер стигна до бродот ’Шокалскиј’. Почнува евакуацијата. Ви благодариме на сите.“

Заедно со пораката на Тјурнеј е објавена и видео снимка на која се гледа како хеликоптерот се спушта на мразот во близина на бродот кој е заглавен уште од 24. декември.

На бродот се наоѓаа 73 лица, меѓу кои австралиски, британски и новозеландски научници и туристи.

Тие сакаа да ја повторат историската експедиција на Антарктикот од пред еден век (1911-1914) којашто ја водеше австралискиот научник, сер Даглас Мосон. Денеска се евакуирани 52-цата патници, додека членовите на екипажот засега остануваат на бродот.

Експедицијата почна пред околу три недели и требаше да се придружи на друг брод од Нов Зеланд на почетокот на јануари, но бродот наиде на големи слоеви мраз и се заглави. Потоа три брода мразокршачи се обидоа да му пријдат на бродот, но поради лошите временски услови беа приморани да се вратат.