1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ДХЛ доминира во Кина

Енормното зголемување на бизнисот во странство на Германската пошта во првите три месеци од годинава и обезбеди исто така јасен скок во профитот. Овој логистички џин го зголеми приходот за скоро 8 насто, односно на 10 ипол милијради евра.

ДХЛ - светска логистика

ДХЛ - светска логистика

Половината од тоа се остварува во странство. Во минатата година вкупно повеќе од 16 милијарди евра. Оваа фирма е претставена во светот со своите експрес и услуги во логистиката на филијалата ДХЛ во повеќе од 220 држави и територии. ДХЛ во Азија, но пред се во Кина има надпропорционален удел во стопанскиот растеж. Во првиот квартал од годинава таму е обезбеден плус во приходот од 50 насто. Учествува и во најголемиот мото настан во светот – во трките на Формула 1. ДХЛ таму организира логистички центар кој за сите 18 трки обезбедува бироа и контејнери за шефот Берни Еклстон, а на тимовите им нуди брзо пренесување резервни делови и специјален експрес сервис, на пример од 24 до 26 септември на првата трка на новата патека во Шангај. Со учеството на гран-при трките, не само што заработува, туку ја рекламира и марката ДХЛ во Кина, но и во целиот свет. Шефот на поштата Клаус Цумвинкел пред десет години си постави амбициозна цел и се наоѓа непосредно пред завршувањето: тој сакаше од старата германска пошта да направи број еден во светот на логистиката. Во наредните години визијата треба да стане стварност: во Азија, Европа и Африка тоа е веќе случај. Во САД е се уште на трето место, но со голем поратс. Но, затоа во Кина ДХЛ во минатата година достигна приход од 500 милиони евра во меѓународниот сообраќај, но целта е во подрачјата на експресот и логистиката да се влезе и на домашниот кинески пазар. Откако на аеродромите во Хонгконг и Шангај за меѓународните потреби се инсталирани поштенски центри, ДХЛ се ангажира со експрес и пакет -мрежа да поврзе со светот 300 градови во Кина. За тоа до 2008 се предвидени инвестиции од 270 милиони евра. Шефот Цумвинкел објаснува:

“Во Азија сме навистина број еден и тоа и во најважните држави. Токму на пазарот во Кина сме апсолутен број еден. Но, и тука владее остра конкуренција. Овде работат сите меѓународни, посебно американските фирми. Мораме силно да запнуваме. Се бараат таленти за врвно менаџерство и креативност, но овде сме вистина на добар пат“.

Во рамките на азиската експанзија, во наредните четири години ќе се инвестира милијарда евра, за да се покачи приходот во регионот за три најмногу за четири години од сегашните две на 4 милијради евра. И уште нешто: ДХЛ има вкупно 170 илјади соработници и се наоѓа на 120 илјади места на земјината топка, вршејќи услуги за околу 4 милиони клиенти.