1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дури и Кина не знае што да се прави со Северна Кореја

Северна Кореја oстанува на курс на ескалација. Пјонгјанг се закани со нуклеарен напад, па го откажа Пактот со Јужна Кореја, а сега најавува надградба на атомската програма. Дури и Кина во конфликтот делува беспомошно.

Заканите од Северна Кореја се се‘ поостри. Режимот во Пјонгјанг денеска (09.03) најави дека сака да ја развива натаму својата атомска програма. Тоа е реакцијата на комунистичкото раководство на земјата на санкциите што Советот за безбедност ги донесе во четвртокот (07.03) поради најновиот атомски тест на Северна Кореја. Кина, која ги поддржа заострените санкции против Пјонгјанг, ја повика Северна Кореја на нови преговори.

Северна Кореја пак, се чини, не е допрена од опомените на својот традиционален пријател. Во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг, се вели дека најновиот заклучок за санкции е „производ на непријателската политика на САД“ и затоа целосно се отфрла. Светот јасно ќе види како земјата „ќе ја зацврстува својата перманентна позиција на држава со атомско оружје и стартер на сателити“. Повеќе детали во соопштението нема.

Südkorea Militärmanöver 15.02.2013

Воени вежби изведуваат и Северна и Јужна Кореја

Кина бара од Северна Кореја да се врати на преговарачка маса. „Санкциите не се крај на акциите на Советот за безбедност“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи. Дијалогот е „единствен вистински пат“. Сите страни треба да покажат „смиреност и воздржаност“ и да не преземаат ништо што би предизвикало ескалација на ситуацијата, опомена кинескиот министер.

Јужна Кореја стравува дека севернокроејската армија би можела да почне со провокации. Двете земји во моментов изведуваат големи воени вежби. Командантот на американските и на трупите на ОН во Јужна Кореја, Џејмс Турман, го оцени како провокација откажувањето на Договорот за прекин на огнот со Јужна Кореја од страна на Пјонгјанг.

Политикологот Себастијан Хајлман од универзитетот во Трир, кој добро го познава тој дел на светот, предупредува дека не треба да се потценуваат заканите на Северна Кореја. „Земјата е полна со бункери и добро вооружена, а на населението му е ’испран мозокот’. Мора да сметаме навистина со тоа дека може да биде преземена воена авантура од која би страдала ужасно пред се‘ Јужна Кореја, доколку не биде тивко свиткан на колена овој режим и доколку тој во смртна борба пустоши се‘ околу себе.“