1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дуплирани алкохолните труења во Германија

Германија е позната по своите пива, но има мака со зголемениот бројот на млади лица кои добиле алкохолно труење, поради претерано пиење. Културата на пиење алкохол оди во крајности.

default

Алармантни бројки за алкохолните труења кај малолетниците во Германија

Топла летна ноќ и, како повеќето пивници во Германија, и пивницата во Бон е преполна со фамилии, млади административци и студенти. И, природно, пивото тече. Многу луѓе сметаат дека пиењето пиво е дел од германската култура. Тоа е стереотип, кој не е целосно отфрлен од славениците.

„Добро, Германците нормално пијат премногу и, добро, понекогаш тие и се опиваат“.

„Ние сме Германци и сме познати по пивото“.

„Мислам дека младите луѓе пијат повеќе од пред десет години“.

„Во Германија почнуваш да пиеш кога си на возраст од околу 16 години или помлад и продолжуваш да пиеш додека не умреш“.

Symbolbild Hoch die Tassen Alkohol trinken Bier anstoßen

По пијанките во ноќните клубови и рестораните, младите поминуваат околу 12 часови во болничка соба

Извештајот за 2011-та, направен од Германскиот центар за прашања на зависности, откри дека бројот на алкохолните труења во Германија се зголеми за 112 проценти во минатите 10 години. Посебно кај младите под 25 годишна возраст бројот на инциденти се искачи на драматични 194 проценти. Порастот носи сериозни последици, вели заменик директорката на Германскиот центар за прашања на зависности, Габриеле Барч.

„Бројот на несреќи се зголеми, како и ризикот од насилство поврзано со повреди меѓу младите од оваа возрасна група. Заканата за сексуално насилство врз жените и девојките е исто така повисока. Кога ги гледаме статистиките од црната хроника, можеме да забележиме дека секој трет чин на насилство бил направен под дејство на алкохол, што докажува дека тоа предизвикува таков ефект“, вели Барч.

Малолетниците легално купуваат алкохол

Во сабота навечер има гужва во одделот за итни случаи во болницата во Келн. Амбулантните возила од оваа болница се викаат редовно, за да се справат со инцидентите поврзани со алкохол. Според професорот Алекс Лехтнојтер, менаџер на одделот, тие се справуваат со опијанети возрасни лица два до трипати на ден. Но, овие бројки за него не се најалармантни. Додека бројот на пијани возрасни луѓе останал релативно стабилен во минативе години, оние што се под 18 години предизвикуваат најголема загриженост.

„Сме регистрирале само драматичен пораст на млади пациенти меѓу 14 и 18 години. Во последните 10 години, случаите се удвоија од скоро 100 годишно на 200 годишно. Мора да се справуваме со млади луѓе со сериозни алкохолни труења секој втор ден“, вели Лехтнојтер.

За разлика од САД или Британија, младите во Германија можат легално да купат пиво или вино на 16 годишна возраст.

Party Sekt Alkohol

Освен пива, младите во Германија можат по ниска цена да купат и традиционално пенливо вино „Сект“ или пожестоки пијалоци

„Во типична вечер во петок или сабота вообичаено се справуваме со млади кои се полусвесни и немаат контрола што прават. Минувачите ги гледаат како излегуваат од пабовите или забавите и ни се јавуваат. Потоа ги испитуваме младите и ги носиме во болница, каде се набљудуваат во следните 10 до 12 часови“, вели Лехтнојтер.

Рестриктивни мерки за намалување на пијанствата

Но, зошто оваа култура на пијанки се одржа во Германија?

„Има многу објаснувања и нема една причина. Клучно е што во Германија цената на пијалоците е многу мала. Во минатите 40 години цената на алкохолот се намали за 30 проценти. Младите сега имаат и повеќе пари, па им е полесно да купат алкохол и да се опијат“, вели заменик дирекорката на Германскиот центар за прашања на зависности, Габриеле Барч.

Нејзиниот центар бара алкохолот да не биде достапен во времето во кое е сега, ја притискаат владата да го зголеми данокот за алкохол, да запре појавувањето на алкохолните брендови во средината во која се младите луѓе и најважно – да се смени легално дозволената возраст за пиење алкохол на американскиот стандард, 21-но годишна возраст.

До 21 година мозокот се’ уште се развива и алкохолот е отров што посебно ги оштетува нервните клетки.

Автор: Шарлот Челсом – Пил/ Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска