1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори ако се одложат

Ако дојде до одложувањена локалните избори во Македонија, Демократската унија за интеграција најави нивен бојкот. Од извори на партијата се вели, можни се предвремени парламентарни избори, но наесен.

ДУИ ќе ги бојкотира локалните избори доколку дојде до нивно одложување, изјавил за „Дневник“ висок функционер на албанската партија во власта.

Според истиот извор, можни се предвремени парламентарни избори, но најрано на есен.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска е во посета на Македонија, каде ќе има средби со главните политички фактори во земјата, во обид да се изнајде излез од политичката криза.