1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ со критки до властите

По објавувањето на извештајот на ЕК, денеска опозициониот албански блок се јави со критики до власта.

Извештајот на ЕУ повод за критика до властите

Извештајот на ЕУ повод за критика до властите

Извештајот на комисијата на ЕУ за Македонија е резултат на сегашната раководна политилчка гарнитура во земјата која експериметира со авантура на штета на сите граѓани. Со тоа ја загрозува севкупната евро – перспектива на земјата. Овој став на опозиционата коалиција ДУИ - ПДП денеска во Мала Речица го изнесе портпаролката на интегративците Ермира Мехмети „Ние се соочуваме со сриозна ситуација, во која владеачкото мнозинство нема капацитет, нема знаење, а изгледа дека нема ниту воља реално да погледне и реално да се сочи со моделот на Македонија кој ние го градиме. Тоа е Македонија заедничка за сите етнички заедници, без мајоризација, без исклучување без дискриминација.“

Актуелната политичка гарнитура инсистрајќи по секоја цена да ги интегрира Македонците во Европа посебно од Албаниците го отфрла и го мајоризира со тоа релвантниот албански фактор во земјата, рече портпаролката Мехмети. „Не можеме да се залажуваме и да веруваме и се убедуваме дека овој извештај бил многу добар, оптимален и ни давал надеж бидејќи тој нависитина не дава многу надеж.“

На прес конференцијата ДУИ соопшти и дека наводно, синоќа пред полноќ активисти на Демократската партија на Албанците во Гостивар пукале врз возило во кое се наоѓал активист на ДУИ и оти денеска пратеникот на ДПА Бесим Догани и началникот на гостиварската полиција наводно вршеле притисок врз локалниот обвинител во Гостивар да ја повлече кривичната пријава против предизвикувачите на овој инцидент. Во госитварската полиција денеска истакнаа дека ова пукање се води како нарушување на јавниот ред и мир.