1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ: Предвремени избори не се во интерес на државата

Владејачката Демократска унија за интеграција упати повик до коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ и до опозицискиот СДСМ да направат уште еден обид за изнаоѓање консензус за извештајот за настаните на 24 декември 2012 година.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека предвремени парламентарни избори не се решение за предизвиците со кои се соочува државата и проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договорат за таква опција тие се подготвени, порача денеска (25.08) портпаролот на владејачката партија Бујар Османи. Тој истакна дека ДУИ во Собранието нема да гласа за предвремени избори доколку и СДСМ не се одлучи за таа опција.

„Доколку гледаме од чисто политички интерес на ДУИ, врз основа на сите податоци што ги имаме, за нас избори се во интерес утре. Сериозно, врз основа на сите анализи, ДУИ на кои било следни избори не само што ќе го потврди резултатот од последните локални избори, туку ќе го подобри уште повеќе“, рече портпаролот на партијата. Меѓутоа, истакна Османи, ДУИ е фокусиран на државниот интерес и на интересот на граѓаните, а тој не кореспондира со предвремени избори.

Од ДУИ ги повикуваат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да направат уште еден обид да најдат консензус по однос на извештајот, со цел, како што рече Османи, да се исполнат барањата од првомартовскиот договор, да се исполнат критериумите на ЕУ по однос на воспоставување на политичкиот дијалог и да се кноцентрира целата енергија во соочување со предизвиците на државата, а тоа е, подвлече, прашањето за името, кое се повеќе ни станува „јамка околу врат“, но и другите критериуми од Копенхаген, како што се меѓуетничките односи и слободата на изразување.

На новинарско прашање зошто ДУИ, како дел од власта, елегантно се трга настрана од целата ситуација во врска со настаните од 24 декември, портпаролот Османи, меѓу другото потсети дека ДУИ имале понуда да бидат олеснувачи меѓу двете инволвирани страни во настаните, ако тоа се побара од нив. Ставот на ДУИ, нагласи Османи, е дека во настаните од 24 декември минатата година, направена е, како што рече, грешка во однос на постапката со новинарите, а за инцидентот со пратениците, ДУИ смета дека паднале во замка подготвена од страна на опозицијата, така што вината е кај двете страни.

Поврзана содржина