1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ не ја напушта владината коалиција

Не мислам дека би било успех за Албанците и за Македонците ако ДУИ ги напушти институциите, изјави лидерот на партијата, Али Ахмети по средбата со американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер.

default

Филип Рикер и Али Ахмети

„Демократската унија за интеграција самата треба да одлучува околу своето функционирање во рамки на владата на Македонија, не е наше да и сугерираме било што околу тоа“, изјави американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Мала Речица. Рикер уште еднаш порача дека Вашингтон сака што побрзо да ја види Македонија како дел од НАТО.

„Соединетите Американски држави сакаат да ја видат Македонија во трансатлантското семејство, зашто таа е веќе подготвена да ги споделува вредностите на тоа семејство, но преостанува уште еден чекор: да се изнајде решение за спорот со Грција. Но, паралелно со ова и постојано да го негува интеретничкиот дијалог во земјата и да работи континуирано на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор“, рече Рикер.

ДУИ не се повлекува од владата

Ахмети ги демантираше информациите дека неговата партија се подготвува да ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Ali Ahmeti, Mazedonien

„Не мислам дека би било успех за Албанците и за Македонците ако ДУИ ги напушти институциите. Ние не сакаме да бидеме дел од создавањето кризи, туку сакаме да придонесуваме проблемите институционално да се решаваат. ДУИ е легална политичка сила која доби одговорностг од албанскиот електорат токму за тоа. Јавно поставувам прашање: ако ДУИ би ги напуштила институциите и Владата, каде тогаш да отиде: да стапиме во штрајк со глад пред институциите, да излеземе на улица, или да си одиме дома? ДУИ е решена, независно од цената која може да ја плати, да даде придонес во конструктивно решавање на проблемите и ние се надеваме дека и другите страни ќе пројават волја за тоа“.

Денешната посета на амбасадорот Рикер (22.05.2010) се одржа непосредно пред почетокот на седницата на Централното претседателство на ДУИ, на која се расправа за актуелната политичко – безбедносна ситуација во земјата и за односите во владината коалиција.

автор: Свето Тоевски

редактор: Борис Георгиевски