1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ и ПДП дефинираат заедичка позиција

Централните претседателства на ДУИ и ПДП попладнево во Тетово ја дефинираат заедничката позиција во врска со бојкотот на македонскиот парламен.

Собранието во Скопје

Собранието во Скопје

Раководствата на опозиционите партии, Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет, попладнево во тетовска Мала Речица расправаат за натамошните заеднички чекори околу бојкотот на македонскиот парламент. ПДП веќе донесе одлука за напуштање на законодавниот дом, а формална конечна одлука за тоа треба да донесе генералното совет на ДУИ, оваа сабота. Нејзината потпретседателка Теута Арифи за Дојче Веле изјави: „Се очекува дека ДУИ, ние како политичка партија, ќе донесеме иста таква одлука, во сабота на централен одбор. Атмосферата што ја имаме во партијата оди во правецот дека сепак ќе имаме одлука за напуштање на собранието“

Од двете партиски претседатлества официјално потврдуваат дека или во текот на денешниот или утре лидерите Али Ахмети на ДУИ и Абдуљади Вејсели на ПДП ќе имаат средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Ерван Фуере. Ако ЕУ и другите фактори на меѓународната заедница извршат дипломатски притисок ПДП да се откаже од бојкотот и да се врати во Парламентот, за Дојче Веле, пред денешната седница предтседателот на ПДП Вејсели рече:

„Таква одлука може да донесе само претседателството на партијата. Секогаш сме биле со меѓународниот фактор кооперативни.“

Џевад Адеми, член на партискотот претседателство на ДУИ и еден од најблиските соработници на претседателот на партијата Ахмети, на прашањето дали неговата партија ќе прифати притисок или сигнали на меѓународниот фактор да не го напушта македонското Собрание денеска за Дојче Веле изјави „Не верувам дека било кој нормален политичар би вршел притисок ние да станеме дел од играта наречена: непочитување на уставот, газење на законите и непочитување на деловникот на собранието. Сметам и дека меѓународниот фактор е заеинтересиран ова да не се случува во Македонија. Сигурен сум дека и тие ќе се ангажираат оваа пракса да се прекине. “

По оваа седница како што потврди лидерот на ПДП Абдуљади Вејсели следи серија контакти и со другите дипломатски претсатвници во Република Македонија.