1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ и ДПА со меѓусебни обвинувања

Државната изборна комисија го поништи гласањето во 193 избирачки места во Македонија. Партиите ДУИ и ДПА меѓусебно се обвинуваат за изборните инциденти.

default

Поради инцидентите ќе има прогласување во 193 избирачки места

По парламентарнте избори и инцидентите што се случија на денот на гласањето 1 јуни во Македонија не стивнуваат вербалните пресметки и префрлувања меѓу двете најголеми албански партии ДУИ и ДПА.

Впечатлив е и речникот што го користат двете партии. За ДУИ Мендух Тачи е човекот кој е вмешан во активностите на криминалното подземје во Македонија. ДУИ е генерално задоволна што на прегласувањето во речиси 200 изборни единици на 15 јуни ќе има шанса да дојде до поголем број пратенички места. Партијата за инцидентите го впери прстот кон државните органи и побара тие да ги пронајдат одговорните за инцидентите на изборите на 1 јуни.

ДПА пак вели дека Али Ахмети се занимава со криминални бизниси. Генералниот секретар на партијата Имер Алиу вчера на прес конференција се огласи со ново контра обвинување за паритијата на интегративците. „Али Ахмети е наредбодавател на сите предизборни инциденти што се случија на денот на изборите во Република Македонија.“ рече Алиу.

Претседателите на двете партии Мендух Тачи и Али Ахмети во рамките на предизборните активности ги изнесоа своите политички позиции во косовскиот весник Експрес.

DW.COM