1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ и ДПА и натаму на непријателски позиции

Последиците од нивниот судир можат да бидат уште потешки за граѓаните,предупредуваат експертите

default

Раководството на владината ДПА не одговори на повикот на лидерот на ДУИ Али Ахмети за продолжување на меѓупартискиот дијалог кој одпоодамна е заменет со растечки конфронтации.Ахмети уште завчера преку медиумите на албански јазик им порача на челниците на ДПА:

„Треба са седнеме и да разговараме,затоа што никому не му одговара овој судир и оваа војна со која ДПА се насочи кон ДУИ.“

Дојче Веле безуспешно се обидуваше да добие одговор од ДПА на оваа понуда од ДУИ за надминување на судирот.Од претседателот Арбен Џафери,потпретседателот Мендух Тачи преку портпаролот на партијата Џилил Бајрами ни беше речено:ДПА нема да го коментира повикот на Али Ахмет.Со други зборови,ниту „за“ ниту „против“ ,туку едноставно е игнориран.

Во меѓувреме во Македонија се заострува и се проширува конфликтот меѓу двете ривалски партии на етничките Албанци,ДПА и ДУИ се конфронтираат во Парламентот околу Законот за полиција.Работата стаса и до испраќање писмо со куршум од Калашников кое го нашол пред својот дом пратеникот од ДПА од липковскиот крај Насер Ајдини.Како негов испраќач беше посочен пратеникот Садула Дураку од ДУИ.Наведувајќи дека нејзините пратенииц се наводно под закана за физичка ликвидација,ДПА побара расчистување на оваа ситуација и преку Анкетна комисија во Парламентот.

ДУИ возвратија со тоа дека ДПА пред два дена наводно киднапирала нивни советник во Советот на општина Сарај каде што наредниот месец треба да бидат одржани локални избори за пополнување на испразнетата градоначалнича позиција.

Приказната продолжува.Сега на ред дојде и државниот Тетовски универзитет.Министерот за образование Сулејман Рушити од ДПА со свое решение го смени досегашниот ректор и постави свој вршител на оваа должност со тврдења за направени наводни незаконитости,злоупотреби и малверзации.ДУИ не остана должна.Со интерпелација ќе бара одговорност и сменување на министерот Рушити.

Како најнов дел од овие меѓупартиски искричења е вчерашната прес конференција на општина Тетово.Тие иако директно не ја апострофираа ДПА,сепак предупредија индиректно дека ако Министерството за транспорт и врски не ги одобри исплатите на досега извршените работи на новиот градски водовод,завршувањето на оваа капитална инвестиција ќе се пролонгира до наредната година,со нови рестрикции во водоснабдувањето на околу 80 илјади жители.Политичките експерти и аналитичари веќе укажаа дека судирот меѓу овие двге партии ќе се продлабочува на штета на граѓаните,ако нивните челници не седнат на заедничка маса за да воспостават повторна комуникација.Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети се придружува на овие ставови:

„Дијалогот е секако неопходен за да се намалат тензиите како превентива за влошување на општата ситуација меѓу граѓаните.“

Останува да се види дали Арбен Џафери и Али Ахмети со нивните сопартијци конечно ќе ја согледаат контрапродуктивноста од нивните конфронтирања на што ги предупредуваат не само експертите,туку и самите граѓани.