1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДУИ го отфрла предлогот на Василакис

Владејачката Демократска Унија за интеграција оценува дека предлогот на грчкиот преговарач е неприфатлив и ги оддалечува двете земји од решение. Василакис наводно го предложил името „Славјанско-албанска Македонија“

Последните разговори во Њујорк околу спорот за името меѓу преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис резултирал и со нов предлог од грчката страна, пишува весникот „Дневник“.

Грчкиот преговарач Василакис овој пат го предложил името „Славјанско-албанска Македонија“, а во однос на грчките позиции, тој на Јолевски му порачал дека Атина останува на веќе познатите црвени линии и барањето за ерга омнес име со сложена географска одредница.

„Веројатно за да не остане дека Грција сепак за толку време не можела да биде поконкретна, Василакис предложил, според Атина прифатлива опција, која би ни ги отворила сите врати на рајот. Според него, тоа би било името ’Славјанско-албанска Македонија’. Кога на ова ќе се додаде инсистирањето за ерга омнес примена на името, се заокружува целата слика“, се вели во текстот на Дневник.

Предлогот на Василакис денеска го отфрли владејачката ДУИ.

„Последниот предлог на Адамантиос Василакис е неприфатлив и ги оддалечува Македонија и Грција од решение, смета портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Во изјава за Канал 5, Османи потенцирал дека предлогот на Василакис е
неприфатлив и го расипува преговарачкиот процес меѓу двете страни.
Османи исто така додал дека ДУИ инсистира на тоа преговорите да почнат да
се водат на највисоко ниво меѓу премиерите Никола Груевски и Андонис Самарас, предлог кој од македонскиот премиер му беше претставен на Самарас неколку пати досега, но не наиде на позитивна реакција од Атина, која инсистира преговорите да останат во рамките на ОН.

Поврзана содржина