1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Др. Еткер“ - успешна бизнис приказна

Групацијата „Доктор Еткер" е една од последните големи германски претприемачки семејни компании.Основачот на компанијата доктор Аугуст Еткер го започна бизнисот со аптека, којашто ја преземал во 1981 година во Билефелд.

default

„Доктор Еткер“ е синоним за слатки

Се започна со производство на прашок за пециво. Потоа се појави пудингот, пици, слатки, десерти и многу други производи. Денес, „Доктор Еткер“ е глобален играч, мешовит концерн со 23 000 вработени во 35 земји. Ниту едно друго претприемачко семејство во Германија, како Еткер не било свесно дека од сопственото презиме може да направи светска позната марка. Обично кога ќе го кажете името „Доктор Еткер“ на памет ви паѓа прашак за пециво или пудинг од оваа марка. Но, бизнисот на ова семејство е многу пораширен. Така на пример, организирање бродски тури се една од главните активности на семејниот бизнис. Нивната бродска компанија во пристаништето во Хамбург има укотвено околу 140 брода кои ги чекаат своите патници. Во концернот Доктор Еткер спаѓа и познатата германска групација Радеберегер која го произведува истоименото пиво. Во царството на Доктор Еткер спаѓаат и голем број луксузните хотели во Германија, Франција и Швајцарија.

Еткер: компанијата има голема одговорност кон вработените

Групацијата „Доктор Еткер“ е една од последните големи германски семејни концерни. И како што нагласува Аугуст Еткер, тие се свесни за големата одговорност којашто ја имаат кон своите соработници и одржување на претприемачката култура:

„И тоа поради две причини: првата е едноставно почитување на правилата: се знае дали нешто е дозволено или не без разлика дали е тоа некаде запишано. Тогаш човек знае дали е во право или не. Ова е поврзано со етичките основи на однесување. Второ, ние како претприемачи сме зависни од тоа дали сме прифатени во општеството. Ако не сме прифатени, тогаш не може да го правиме она што го сакаме. Тогаш не можеме ‘да преземаме нешто’.“

Dr. Oetker Welt

Основачот Аугуст Еткер

„Доктор Еткер“ се шири во странство

Додека бизнисот на „Доктор Еткер“ во последниве години во Германија стагнира, концернот расте во странство. Италија, Бенелукс, Австрија, Велика Британија, Франција како и сите источно европски земји им станаа важни пазари. Но, во сите земји се бараат различни нешта, бидејќи се работи за различни вкусеви. На пример, Французите повеќе сакаат “лесна“ пица, додека Пољаците сакаат покалорична:

"Така за полскиот пазар развивме посебни производи, како на пример пица со многу кромид на неа. Секоја земја има нешто посебно и ние мора овие посебности да ги земеме в предвид, а не да им кажуваме дека она што е германско е добро, туку дека она што го сакаат тие е најдоброто“.

Производите се прилагодуваат кон вкусовите на пазарите

„Доктор Еткер“ има фабрики во Полска и Русија, за меѓу другото, да не мора да плаќа трошоци за царина и транспорт. Од есента 2006, фабриката во рускиот град Белгород е проширена и сега таа е главен снабдувач за производите на „Доктор Еткер“ во Русија. Кинескиот пазар, за сега само се анализира. Прво мора да се проценат навиките за јадење на луѓето. На пример, тешко е да продадете пица во Индија, но слатките на „Доктор Еткер“ во таа земја се одлично прифатени и направени токму според локалниот вкус.

„Вкусовите на консументите се различни и ние мора да се прилагодиме кон нив. Секако е забавно некому да му кажеш, сакаш ли од германскиот специјалитет „свинска нога“. Тоа на пример, на Сицилија никој не би го ни помирисал. Но, затоа во Италија продаваме пици. А кога одам таму интересно ми да гледам дека Италијанците купуваат германски пици.“