1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Дружба“ лиферува нафта во Европа

Нафтениот спор меѓу Русија и Белорусија е надминат. Преку „Дружба“ повторно тече нафта.

Славините повторно се отворија

Славините повторно се отворија

До последен момент Москва и Минск спореа околу 79. 000 тони нафта, кои Белорусија ги земала нелегално. Транснефт настојуваше на тоа прво оваа количиина да се испорача кон Европа, а после да продолжи руското лиферување нафта.

Спогодбата беше постигната и покрај демантот и префрлувањето на вината вчера вечер. Белорусите прво, одбиваа да признаат дека нелегално преземале 79 .000 тони нафта, но потоа беа принудени да признаат и да ја испорачаат нафтата во правец на Европа. На притисок на Русија блоруската страна покажа и готовност да се откаже од таксите за руската нафта за делот од нафтоводот што минува низ Белорусија. Сепак белорускиот премиер Сергеј Сидорски вели „Земајќи ги предвид сите можности за комрпомис, владата на Белорусија реши да се откаже од претходното барање за транзитна царина. Во наредните два – три дена ќе ги решиме сите порблеми што се однесуваат на снабдувањето со нафта за Белорусија и транзитото во насока на Европа. “

Компромисот меѓу Минск и Москва се постигна дури откакао белорускиот претседател Александар Лукашенко телефонски контактираше со Владимир Путин. Имено претходнио Русија размислуваше за целосна блокада на увозот на белорусики производи, што би значело економски колапс на белоруската економија бидејќи три четврти од белоруските производи се извезуваат во Русија.