1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Државјани на САД под сомневање за киднапирање на деца

Речиси три недели по катастрофалниот земјотрес на Хаити, вниманието на меѓународната заедница се врти кон битката за спречување на заразни болести. Освен тоа се шират и информации за трговци со луѓе од САД.

default

Деца без родители на Хаити

Околу еден милион лица кои останаа без покрив над главата живеат во лоши услови во преполнетите кампови, каде нема соодветни санитарни услови. Како пример: во кампот блиску до разурнатата претседателска палата во главниот град Порт-о-Пренс, каде се сместени околу 2.000 лица, има само еден тоалет. Локалното население се жали и дека водата за пиење што ја носат цистерните не е секогаш чиста. „Немаме никаков избор“ - вели 45 годишната Мари Марте, која за нејзиното семејство приготвува јадење со таквата вода.

Опасност од ширење на маларија

Haiti Krankenhaus Port au Prince Erdbeben

Болница во Порт-о-Пренс

Болниците на Хаити, пак, јауваат за ширење на маларијата. Дури половината од сите деца што пристигаат деновиве во болиниците се заразени од тропската болест. Ситуацијата може да се влоши уште повеќе, велат експертите, бидејќи сега, на осум недели пред монсунскиот период, најбрзо се размножуваат комарците, кои ја пренесуваат оваа болест.

Американски државјани под сомневање

Среде целата трагедија дојде и веста дека на Хаити се уапсени десетмина американски граѓани кои се обиделе да изнесат од земјата 33 деца. Американците се под сомневање дека сакале нелегално да им ги посредуваат децата на родители за посвојување во САД и во Европа, соопшти министерот за социјални прашања на Хаити, Ив Кристалин.

Haiti UNICEF Notunterkunft

Деца на Хаити

Обвинетите ги отфрлија сите сомнежи и посочија дека имале намера да отворат дом за сирачиња во соседната Доминиканска Република. Водачот на групата Лора Силсби сепак призна дека не добила соодветно одобрение од властите на Хаити. Силсби се обиде да објасни зошто таа и нејзините колеги се впуштиле во таков потфат: „Тоа се многу драги деца, кои ги загубиле домовите и семејствата и толку им треба нега, а најмногу им треба Божјата љубов и сочувство.“

Портпаролот на УНИЦЕФ, Кент Пејџ, ја критикуваше постапката на американските граѓани, кои се членови на една хуманитарна организација:„Има постапки што мора да се почитуваат. Не можете едноставно да земете некое дете и да излезете од земјата со него, дури и ако зад таа постапка се кријат најдобри намери.“

Автор: Франк Бетенфелд/Горан Чутаноски/апн

Редактор: Александра Трајковска