1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Државниот врв ја утврдува натамошната стратегија во спорот со името

Македонските политичари ја одбиваат последаната формулација на Нимиц за решавање на спорот околу името. Грчките сеуште молчат, а шефот на дипломатијата заминува во европските метрополи по поддршка.

default

Скопје

Уставното име Република Македонија да остане, но во меѓународната заедница Макеодниајд а одбере друго име што би било прифатливо и за Грција. Оваа последна формулација од најновите идеи на медијаторото Нимиц, наидува на решителен отпор кај макеодснките политичари.

Стратегијата за натамошните преговори за името денеска ќе биде тема на разговори меѓу претседателот на државата Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани денеска пак заминува во посета на Велика Британија. Во фокусот на разговорите со ресониот колега Дејвид Милибанд ќе се најдат прашањата од регионот на Западен Балкан, вклучувајќи го и статусот на Косово и спорот со Македонија околу името. По дводневниот престој во Лондон, Бакојани в среда ќе го посети и Берлин.

Поврзана содржина