1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Државниот врв го пречека Тарчуловски во Скопје

Поранешниот полициски офицер Јохан Тарчуловски денеска се врати во Македонија, откако ја издржа казната за сторени воени злосторства во конфликтот од 2001 година. На аеродромот го пречека државниот врв.

Јохан Тарчуловски кој со владиниот авион околу 15 часот пристигна на скопскиот аердором, на пистата  беше пречекан од неговите деца и македонскиот премиер Никола Груевски. На аеродромот беа и членови на неговото семејство, пријатели и поддржувачи, владини министри, пратеници, како и голем број граѓани кои дојдоа лично да го поздрават и да му посакаат добредојде. Здружението за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“, како и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаа да дојдат и да го пречекаат Тарчуловски.

По пречекот на скопскиот аеродром, предвидено е Тарчуловски да има средба со премиерот Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија. На плоштадот „Македонија“ во 16:30 часот ќе биде организирана и прослава во чест на враќањето на Тарчуловски на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.

Јохан Тарчуловски вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен.

Поврзана содржина