1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Државна жалост за загинатите

Една недела по разурнувачкиот земјотрес на Хаити, бројот на мртвите се зголеми на најмалку 70.000. Владата на Хаити вчера прогласи вонредна состојба и едномесечна државна жалост.

default

Властите на Хаити соопштија дека досега од под урнатините се извлечени телата на 70.000 загинати и тие се закопани во масовни гробници. Експертите проценуваат дека во земјотресот има околу 200.000 жртви. Според проценки на Обединетите нации и властите на Хаити, во земјотресот кој имаше јачина од седум степени според Рихтеровата скала, без покрив над главата останале еден и пол милион луѓе.

И покрај тоа што во текот на викендот од под урнатините беа извлечени пет лица, надежите дека ќе бидат пронајдени уште преживеани се намалуваат. Луѓето без вода можат да издржат максимално три дена, а на Хаити, во моментов, температурата изнесува околу триесет степени целзиусови. „Се молам за мене и мојата земја и особено за луѓето кои страдаат тешко и за оние кои се се‘ уште под урнатините“, вели една жена во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Haiti nach dem Erdbeben

Во подрачјето на катастрофа работат 43 меѓународни хуманитарни екипи, со околу 1700 хуманитарци и 161 куче трагач. Денеска (18.01.10) владата на Хаити би требало во училиштата и јавните установи да отвори 280 центри за итна помош, во кои луѓето ќе добиваат храна и каде ќе можат да добијат места за спиење.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за време на посетата на Порт-о-Пренс ги замоли луѓето да бидат трпеливи. „Прво треба да се спасуваат животи“, рече Бан, додавајќи дека на луѓето им се потребни храна, вода, лекови и шатори.

ОН и ЕУ заседаваат за Хаити

Flash-Galerie Erdbeben in Haiti

Денеска треба да заседава Советот за безбедност на ОН. „Мора да обезбедиме помошта да стигне што побрзо до луѓето. Не смееме да загубиме ниту една минута, ни еден долар, ниту едно лице“, изјави Бан.

Денеска во Брисел заседава и ЕУ. Земјите членки треба да се договорат не само за подобра координација на итната помош за Хаити, туку треба да се разговара и за среднорочните и долгорочните можности за извлекување на земјата од сиромаштијата. Се проценува, дека помошта на ЕУ за Хаити ќе изнесува над сто милиони евра, а според некои најави, дури и 200 милиони евра.

Автор: ЕМФ/БГ/афп/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM