1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Државите профитираат од инфлацијата

Државните долгови и лабавата монетарна политика отсекогаш биле погодно тло за појава на инфлација. Дали и овојпат ќе биде така? Додека граѓаните од тоа се плашат, државните однапред се веселат.

На државата и требаат пари. Народната банка ги печати. Колку повеќе пари има во оптек, толку е помала нивната вредност. Доаѓа до инфлација.

„Најлош пример за инфлација е Вајмарската република од 20-тите години на минатиот век“, вели Мајкл Бордо од Универзитетот Рутгерс во Канада. Вајмарската република се обидела да ги искористи машините за печатење пари за да ги отплати воените репарации. Се’ заврши со хиперинфлација. Некои други земји во игрите со инфлацијата имаа повеќе среќа. Така на пример, на САД со мешан модел на силен стопански раст и голема инфлација по Втората светска војна им појде од рака да го намалат надворешниот долг од 120 на 35 отсто од Бруто националниот производ.

Ново искушение

Денес индустриските земји повторно би можеле да дојдат во искушение преку инфлација да си ги намалат долговите, бидејќи поголемиот дел од нив се во долгови „до гуша“. САД одамна имаат долг поголем од нивниот стопански учинок, Италија има долгови од 120 проценти од БДП, Германија- 80 отсто, Јапонија-

Kai Konrad

Каи Конрад

неверојатни 230 проценти од БДП.

Како точно делува инфлацијата врз државите објаснува Каи Конрад од Институтот Макс Планк.

„Кога парите преку инфлацијата ќе ја загубат својата вредност, државата станува побогата бидејќи губи дел од своите долгови. Но сопствениците на хартиите од вредност со фиксни каматни стапки стануваат посиромашни. Колку државата повеќе ќе се задолжи кај странски доверители, толку повеќе се наоѓа во искушение да се ослободи од долговите со помош на инфлација“, вели Конрад.

Притоа пресметката за државите во такви случаи е повеќе од поволна, пресметал Конрад.

„Доколку очекуваната инфлација е дополнителни два проценти, тогаш државните долгови губат околу 10 отсто од вредноста“, објаснува експертот.

Профит од инфлацијата

Државата поседува многу механизми преку кои дополнително профитира од инфлацијата, без разлика дали станува збор за амортизација на машини и

Deutschland Symbolbild Inflation

Стара германска банкнота од 500 милиони марки и монета од две евра

техника, па се до купопродажба на земјиште. Со толку опции на располагање, би можело да се каже дури и дека би било глупост доколку една држава не ја искористи инфлацијата. Од американските Федерални резерви, преку Европската централна банка, па се до Банката на Јапонија, сите веќе ширум ги отворија вратите за доток на пари. Засега многу малку од тие пари стигнаа во оптек, но кога стопанството повторно ќе се засили, очекуваната инфлација може да „одлета во воздух“.

Што се однесува до еврозоната, економскиот експерт од Комерц Банка, Јерг Кремер смета на просечна инфлација од 3 до 4 отсто во следните 10 години. Притоа земјите од еврозоната имаат и еден друг проблем: имајќи предвид дека и’ ја препуштија монетарната политика на централата, маневарскиот простор за ослободување од инфлацијата им е многу мал.

„Во таква ситуација неликвидноста е единствена можност. Освен ако една земја не биде постојано спасувана од другите земји во еврозоната“, заклучува канадскиот експерт Мајкл Бордо.