1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Државите од ЕУ постигнаа согласност за трајниот фонд за стабилност на еврото

Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ постигнаа согласност околу договорот за постојаниот фонд за стабилност на еврото т.н. Европски стабилизациски механизам.

default

Синоќа е одобрен договор за создавање Европски стабилизациски механизам

Министрите за финансии на 17-те држави од еврозоната и министрите од останатите членки на ЕУ, одобрија синоќа Договор за создавање Европски стабилизациски механизам (ЕСМ). Ова го потврди претседателот на Советот на министрите за финансии од еврозоната и премиер на Луксембург Жан Клод Јункер по средбата на министрите во Брисел.

ЕСМ треба во јули да го замени досегашниот временски ограничен фонд ЕФСФ и да стави на располагање 500 милијарди евра за презадолжените земји од еврозоната. Германија учествува со најголем удел во фондот.

За да добијат финансиска помош од ЕСМ, државите треба да го ратификуваат пактот за построга буџетска дисциплина, којшто треба да биде прифатен на следниот Самит на ЕУ на крајот од месецов и потпишан во почетокот на март.

Нови барања до Грција

Euro Münze Euromünze

Министрите за финансии од еврозоната бараат Грција да направи нови буџетски ограничувања

Министрите за финансии на земјите од еврозоната покрај тоа побараа Грција да изработи нова програма за буџетски ограничувања, со цел да го намали дефицитот, објави синоќа Јункер.

„ Ги поканивме грчката Влада и меѓународната тројка составена од Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка, да се договорат што е можно побрзо за главните параметри на нова програма за реформи во буџетот“, изјави Јункер

Грчките власти и приватните кредитори треба да постигнат договор во следнитеденови за намалување на преголемиот долг на Грција, кој може да доведе до државен банкрот, нагласи Јункер.

Автор: СН/ АМ/ дпа/ ртр/ миа

Редактор: Александра Трајковска