1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Држава на Палестинците во етапи?

Поднесеното барање за полноправно членство на Палестинците во ОН ќе мора да го почека правното мислење на експертите и резултатот од преговорите. Блискоисточниот квартет излезе со временски план за нови преговори.

default

Контроверзното прашање, дали Палестина треба да биде 194 земја членка на ОН уште долго ќе биде на дневен ред на Советот за безбедност. Според проценките на експертите, советувањата во различните комисии може да траат со месеци.

Денеска, Советот за безбедност на ОН повторно ќе ја отвори темата, откако во понеделникот беше одложена по едночасовна дебата. Од дипломатските кругови пристигна информацијата дека прашањето прво ќе биде препратено до друга

UN Sicherheitsrat Irak Sanktionen Sitzung

Советот за безбедност

поткомисија. 15 правници од земјите кои во моментов се застапени во Советот за безбедност треба да проверат, дали Палестинците воопшто ги исполнуваат критериумите за полноправно членство во Светската организација.

Според повелбата на ОН кон ова се вбројува и прашањето, дали Палестина би била мирољубива држава. Во однос на ова би можело да дојде критичко прашање од страна на САД, какви гаранции постојат, во случај радикално-исламистичкиот Хамас да треба да формира влада во една идна палестинска држава. Хамас имено го става под знак прашање правото на постоење на Израел и исто така до сега го одбива поднесувањето на барањето за членство во ОН. Хамас во моментов ја предводи владата во палестинската автономна област на Појасот Газа.

Блискоисточниот квартет со временски план

САД и нивните партнери од Блискоисточниот квартет (ЕУ, САД, Русија, ОН) се залагаат за директни преговори меѓу страните во конфликтот, за на тој начин да се постигне мировен договор и да се дојде до решение за палестинска држава.

Nahostquartett bespricht Antrag der Palästinenser auf Autonomie

Блискоисточниот квартет

Непосредно откако Палестинците го поднесоа барањето до ОН, Блискоисточниот квартет излезе со амбициозен временски план за нови разговори. Квартетот меѓутоа не поднесе никаков содржински предлог. Но, во текстот квартетот се повикува на декларација од 20 мај 2011 и говорот на американскиот претседател Барак Обама. Во двата документа се наведува дека предвоените граници од 1967 година треба да послужат како основа за поделба на териториите, вклучувајќи и договорена размена на територии. На тој начин постоечките населби на палестинска територија во Западниот Брег би можеле да бидат приклучени кон Израел, додека Палестинците би се стекнале со израелска територија. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во говорот пред американскиот Конгрес во мај годинава изнесе дека е неприфатлива ваква база за преговорите.

Времето притиска и тоа не само поради поднесеното барање од Палестинците, туку и поради политичките околности. Во ноември 2012 година во САД се избира нов претседател. Истата година престојат избори и во палестинските автономни области, а можно е да се спроведат избори и во Израел. Во зависност од исходот од овие избори повторно би можеле да се поместат појдовните основи за преговори. Во моментов Палестинците бараат како предуслов за почеток на преговори Израел да запре изградбата на еврејските населби на палестинските автономни подрачја. Израел меѓутоа вчера, на 27.09.11, повтгорно одобри изградба на преку 1.000 станови за Израелци во Источен Ерусалим.

 Автор: Даниел Шешкевиц/ Александра Трајковска

 Редактор: Горан Чутаноски