1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дрезден се сеќава на 60 годишнината од бомбардирањата

Коментира Ута Тоферн

default

Почеток на крајот на нацистичкиот режим и заслужена казна за германската освојувачка војна или ужасен симбол на бесмислениот сојузнички бомбашки напад против веќе победеното цивилно население;ретко некој настан од Втората светска војна во Европа е поврзан со толку многу различни значења како бомбардирањето на Дрезден на 13 февруари 1945 година.

Факт е,нападите беа морално и воено решавачки за Германија.Факт е исто така -уништен беше еден од најубавите градови во светот,град полн бегалци,бројот на жртвите е спорен,но не и размерите на загубите на културно поле.

Митот за невината културна метропола ,кој неподготвен и неправедно стана цел на уништување,беше создаден уште од националсоцијалистите.Нивната пропагандна машинерија се служеше со страшните слики на јагленосани трупови и урнатините за уште еднаш да го разбуди отпорот против сојузниците во последните воени недели.Како единствен и непотребен акт на брутално уништување,нападот врз Дрезден го прикажаа нацистите,а како таков по војната влезе и во официјалната стратегија на сеќавањата на Германската демократска Република.Преку бизарното фалсификување на американската улога во бомбардирањата ,сеќавањата на жртвите со години се користеа во пропагадната претстава против англоамериканскиот империјализам.Западна Германија напротив срамежливо ги пречекори страдањата на цивилното население и Дрезден,како и останатите уништени градови , ги сврсти меѓу последиците од сопствената вина при германската освојувачка војна.

Двете,политичкото присвојување во свој интерес како и табуизирањето и пренебрегнувањето на индивидуалните страдања,подготвија тло за десноекстремните ,кои денеска сеќавањата сакаат да ги инструментализираат во свои цели.

Дрезден во меѓувреме разви своја сопствена култура на сеќавање.Во раните осумдесетти за првпат некои добија храброст годишнината од бомбардирањата да ја користат за демонстрации на мировните движења.Тоа што започна како нерешителен протест против вооружувањето на запад и исток, доведе кон крај на ДДР.Дрезденците и натаму се еманципираа,без обзири кон политичката коректност.Ја обновија Женската црква,чии урнатини беа оставени како предупредување во градот.Обновата беше со помош од Велика Британија и денеска црквата стана заштитен знак на градот,симбол за тоа дека мора да се работи на помирување на народите.

Околу Женската црква во Дрезден денеска се одржуваат манифестации во спомен на 13 февруари и истовремено како протест против нацистите и нивните обиди да ги користат сеќавањата за свои цели.Слободата и мирот не се состојба,туку процес,кој мора да биде успешно воден преку постојани судири со противниците на демократијата ,а кон тоа припаѓа и искреното соочување со сопствената историја.Полека,внимателно,Германија развива ваков пристап со товар на минатото.Никаде тоа не се манифестира толку како во Дрезден.