1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дрезденски божикен колач: бизнис и хистерија!

Традицијата во Дрезден да се прави божикен колач, се роди уште пред 550 години, околу 1450 година. Таканеречниот „Христосов колач„ треба да го претставува детето Христос завиткано во пелени. Тогаш како и денес, овој колач не се наоѓа само на масите на германските семејства, туку има пријатели во целиот свет. Арно ама, извозот може да биде и проблематичен. „Христосовиот колач„ и тероризмот! Можно ли е и такво по

Традиционалниот божиќен колач

Традиционалниот божиќен колач

врзување? Е, па можно е!

Прекрасен мирис се шири од пекарницата во Дрезден која, освен по лебот и другите пецива, е позната по нејзиниот „Христосов колач„. Се разбира постојат и тајни за неговото правење. За еден таков колач да биде „чист дрезденски„, вели сопственичката на пекарницата Елизбает Кројцкам Аумилер, тој не треба да биде испечен само во со посебна марка заштитените дрезденски и околни места, туку треба да исполни и други критериуми:

„Делумно треба да се прави рачно. Мора да има извесен дел путер, соодветно суво грозје, лимон и поморанџа. Потоа горчливи и слатки бадеми. Многу е важно воопшто да нема маргарин или други вештачки ароми. Потоа му се дава формата и шекер во прав озгора, но мора да се гарантира и рок на траење„.

Името Кројцкам во Дрезден има традиција. Пра-пра-дедото на Елизбает во 1825 година во Дрезден отворил слаткарница и скоро веднаш започнал со производство на колачи, станувајќи лиферант за кралот. Кон крајот на Втората светска војна во 1945 година, семејството го напушти бомбардираниот Дрезден, а таткото на Елизабет формира семејна фирма во Минхен. Непосредно по паѓањето на Берлинскиот ѕид, нејзиното семејство повторно отворти кафуле во Дрезден:

„Тоа значеше дека ни е поребна обновена продукција и кога тоа ни беше понудено, мајка ми, по извесно време рече: ако се ангажираме во Дрезден, тогаш една од нас мора да остане тука, а јас не сум таа„.

Беше јасно дека тогаш 26-годишната Елизбет треба да остане во Дрезден. Планирани беа 6 месеци, зашто таа по студиите во САД сакаше и да докторира. Во меѓувреме минаа 13 години. Таа се омажи во Дрезден и е мајка на 4 деца. Меѓутоа, во почетокот не и беше лесно во бизнисот во кој доминираат мажи:

„Наидов на многу отпори, зашто презедов пекарница што беше банкрот. Не можев да ги задржам сите соработници. Во почетокот не беа среќни ниту моите конкуренти. Некој од Запад доаѓа и тука создава пекарски бизнис. Имаше дури и закани со напади или дури убиство. Мислам дека во меѓувреме добро се усогласивме. Сега се е во најдобар ред и добро се согласувам со моите колеги„.

Пекарницата веќе има клиенти во 86 држави. Треба само да се погледне во нејзината интернет страница и веднаш се гледа колку пријатели има во светот. Стивен од Велика Британија не може да си го замисли Божик без дрезденскиот колач, како и Џон од САД. Вилијам Прохнов од Бразил своето одушевување го искажува со само еден збор:„Извонредно„. Меѓутоа, извозот во САД од 11 септември 2001 се покажа проблематичен:

„По 11 септември имавме проблем со нашите кесиња со шекер, зашто беа заменувани со ковертите со антракс. Имавме големи порачки и затоа шекерот во прав го испраќавме по светот во кесиња. Оттогаш на кесињата пишуваме на англиски дека во нив има шекер во прав и дека пратките не треба да се уништуваат„.

Освен тоа, увозот на храна во САД од пред три години подлегнува под законот „Биолошко оружје„:

„Сосем е сеедно дали праќам еден колач или цел контејнер. Морам да одговорам преку интернет на 13 страници и да го пријавам колачот: од кого доаѓа, кому му се испраќа, што има внатре, како е спакуван, колку тежи бруто, колку нето и така натаму. Потребен е и агент во Америка, за се да биде во најдобар ред„.

Има и гласишта според кои сето ова е поврзано и со американскиот протекционизам. Меѓутоа, соработниците на Елизабет Кројцкам во меѓувреме се навикнаа на тоа, а знаат и во кој дел од денот е најдобро да ги испратат формуларите преку интеренет. Зашто околу 8 проценти од нивното призводство на колачите заминуваат кон Северна Америка.

За време на приемот по повод Денот на герамнското обединување на 3 октомври годинава во Вашингтон, пекарницата „Дрезден„ беше застапена со 164 килограми „Биолошко оружје„ – „Христосов колач„ што го пробаа 3 илјади гости, меѓу нив и Хелмот Кол и Џорџ Буш сениор.