1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дрвени палки место сопирачки

Сопирачките на камионот не ви се стопроцентно сигурни? Нема врска, тоа е решливо со дрвени палки, барем во Ангола. Таму има професионални помошници за сопирање заедно со „рачни сопирачки“.

default

Сопирачки за кочење, за седење, за...

Еден камион, полека и нишајќи се, се искачува по стрмниот пат од земја во анголскиот ридест предел. Заобиколува дупки и длабоки вирови со кал. Зад управувачот седи лично сопственикот Алфредо Франциско. Време на дождови во Ангола. Шумата долж тесниот пат е проткаена со густа магла. На еден остар свиок, сењор Алфредо го запира малиот камион. На мала табла на португалски јазик е напишано дека се продаваат „калчос“, односно сопирачки. Но, автомеханичарска работилница нема никаде. Можат да се видат само неколку куќички од глинени тули од селото Кајеле. И тука се и неколку дрвени палки, наредени странично на патот, високи околу половина метар, широки дваесетина сантиметри, со тркалезна горна половина, која може да се префати и аглеста долна половина.

Големите „сопирачки“ чинат 200, а малите 150 кванци, објаснува продавачот Хулио Мигуел. Тоа се околу две евра и едно евро и педесет. Сопственикот на камионот,

Angola_Jobs die so keiner kennt

Продавачи и купувачи кај селото Кајеле

Алфредо Франциско, без да се двоуми решава да купи големи сопирачки. „На вакво време потребни се дополнителни сопирачки и помошници за сопирање, дури и само поради влажниот пат“, вели тој.

Помошник за сопирање е задолжителен

Затоа, сењор Алфредо не оди на пат сам. Секој што во Ангола смета дека е сериозен возач на камион, има најмалку двајца „ајудантес“, односно помошници.

Едниот, Франциско Антонио, седи назад, на товарот што го транспортира сењор Алфредо со неговиот мал камион - мали лимени направи што служат за готвење, а се состојат едноставно од лименка во која се фрлаат дрвени прачки, потоа пакети со млеко во прав, две кокошки и шарени торби за купување што се рециклираат, врзани во широки бали. Најважната задача на Франциско Антонио е, доколку е потребно, да реагира молскавично.

Со еден скок преку камионот 23-годишникот се симнува за момент. Новокупената дрвена палка ја става под десното тркало. Готово! Камионот запира во истиот миг. Антонио вели: „Кога возиме по нагорнина, доколку шефот наеднаш забави, веднаш погледнувам нанапред за да видам - зошто? Доколку не’ пресретнува возило, се подготвувам да скокнам во секој момент, зашто можеби ќе мора да помогнам за сопирање. Ако застанеме за да ги пропуштиме другите, се симнувам и ја ставам палката под тркалото“.

Треба да се биде брз и подвижен

Спортски и со брза реакција - тоа се особините што главно треба да ги има еден помошник за сопирање. Работата не е без опасности. Кога камионот повторно ќе тргне, Франциско Антонио скока во него додека е тој во движење. Со тешка дрвена палка в рака - поради тоа веќе страдале и патниците и товарот.

Не, додека се качува досега не скокнал прекратко, вели

Angola_Jobs die so keiner kennt

А, сега...вози!

Франциско Антонио. Понекогаш трча долго по камионот, подготвен да реагира во секој момент. Всушност, тој е возач на трактор, но не може да најде работа со оглед на тоа што во регионот уништен од војната, се‘ уште нема модерно земјоделство. Помошник за сопирање камион не е добро платена работа. Тој заработува 3.000 кванци или 30 евра месечно. Особено малку пари за многу работа: „Шест дена неделно помагам при транспортот, а во недела се грижиме за возилото, го одржуваме, миеме и така натаму“.

Многу работа за малку пари

Доколку не се превезува товар, туку се превезуваат само патници, Франциско Антонио е задолжен за чекирање на патниците и на услуга им е во текот на возењето. Во камионот можат да влезат 36 патници, вклучително и мал багаж. Тој не дозволува претоварање, во тоа е многу строг.

Назад во селото Кајеле, кое е поставено стратешки поволно - меѓу две релации што се опасни и се со нагорнина. Со дрвените сопирачки неговите жители, во меѓувреме, заработуваат добар џепарлак. Производителот на „калчос“, Хулио Мигуел, ја разработил бизнис идејата во соработка со другите, откако се утврдило дека недалеку од селото постојано има камиони и автомобили што запирале. „Да, овие сопирачки се продаваат навистина добро. Меѓутоа, од тоа не може да се живее. Но, идејата им е од полза на сите - и на возачите и на продавачите“ вели Мигуел.