1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Драстично намален бројот на баратели на азил

Мерките за спречување злоупотреби на визната либерализација даваат резултат - бројот на баратели на азил од РМ во ЕУ е минимален, оцени Комитетот за следење на визната либерализација и состојбата со барателите на азил.

default

Како што изјави по состанокот на Комитетот портпаролот на македонското Министерство за надворешни работи, Борче Стамов, генерална констатација на Високиот комитет е дека мерките кои во изминатиот период се спроведени функционираат согласно шестмесечниот план, кој беше донесен во април, по зголемиот број баратели на азил. Мерките предвидуваа оперативни активности кои ги водеше МВР, превентивни мерки односно објаснување што значи визната либерализација и последиците од евентуално барање на азил, како и предлагање некои нови мерки како што се воведување ново кривично дело „злоупотреба на визната либерализација“, кое е во собраниска процедура и подобрување на социо-економските услови во средините од каде што има најголем број баратели на азил, додаде Стамов.

„Констатацијата дека мерките вродуваат со плод се должи на последните стастистики кои ги имаме од страна на ЕК за бројот на македонски граѓани кои

Доминантни дестинации остануваат Шведска, Швајцарија, Белгија и Германија

Доминантни дестинации остануваат Шведска, Швајцарија, Белгија и Германија

побарале азил, како и низ разговорите кои ги водиме со претставниците од ЕУ, во кои тие потенцираат дека се задоволни од спроведените мерки и во крајна мера, бројот на баратели на азил е доведен на минимум“, рече Стамов.

Според статистиката на ФРОНТЕКС (Европска агенција за гранична безбедност), во јуни се регистрирани околу сто барања на азил, во јули околу 80-тина, а за август до овој момент има сознанија за околу дестина барања. Доминантни дестинации остануваат Шведска, Швајцарија, Белгија и Германија.
Во Шведска од почетокот на годинава биле поднесени 722 барања за азил од македонски државјани, од нив позитивно биле решени само две, а во процедура на разгледување се 109. Во Швајцарија, пак, заклучно со јули, во процедура на азил се 432 лица, а ниту едно не е одобрено.
Комитетот на високо ниво за следење на визната либерализација и состојбата со барателите на азил го предводи министерот за надворешни работи Никола Попоски, а членуваат вицепремиерите за евроинтеграција и за спроведување на Рамковниот договор, Теута Арифи и Муса Џафери, и министрите за внатрешни работи, за правда, за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска, Блерим Беџети и Спиро Ристески, како и министерот без ресор Неждет Мустафа. Високиот комитет е формиран во 2010 година, по напливот на емигранти непосредно по почетокот на визната либерализација, во декември 2009 година, заради сузбивање на појавата на лажни азиланти од Македонија.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Жана Ацеска