1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Драстична промена на климата во Европа за 50 до 100 години

Во Југозападна Франција, Шпанија и Португалија изминативе осум-девет месеци падна изненадувачки малку дожд. Зимските дождови, кои се типични за медитеранската клима, речиси и да ги нема. Резултат на ова се незапаметените суши и пожари што дивеат во Шпанија и Португалија. Во пожарите досега беа повредени преку 20 луѓе, а илјадници останаа без покрив над главата.

Пожари во Португалија

Пожари во Португалија

Но, ваквите појави во иднина нема да претставуваат никакво изненадување. Имено, научниците сметаат дека во наредните 50 до 100 години климата во Јужна и Средна Европа драстично ќе се промени.

„Сушата што владее моментално во средоземното подрачје не е знак кој значи дека веќе настанала промена на климата. Ваквите екстремни случаи се ретки , поради тоа тешко е да се поврзуваат таквите појави со долгорочните климатски промени.„-објаснува Мартин Бенистон од универзитетот Фрибург во Швајцарија.

Статистиката не е секогаш најверодостојното средство за давање прогнози, бидејќи за потполно точни податоци не е доволно да се вршат само некакви мерења. Но, сушите во Шпанија, Португалија и Југозападна Франција се совпаѓаат со предвидените модели за промена на климата. Тоа значи дека: поради се позасилениот ефект на стаклена градина, односно загревање на атмосферата, климатските зони би можеле да се поместат од екваторот кон половите. Мартин Клаусен од институтот за климатски истражувања од Потсдам објаснува:

„Зголемениот ефект на стаклена градина значи затоплување на воздухот и тоа пред се над земјата, а помалку над морињата. Се создаваат различни температури и поради тоа има и појаки монсунски ветрови. Кога ќе се споредат моделите, кои под влијание на стаклената градина ја истражуваат климата доаѓаме до заклучок дека во тропските подрачја дождовите се позачестени, додека во Јужна Европа, односно средоземноморското подрачје, бројот на врнежите е значително намален. „

Значи според научните тврдења африканското подрачје помеѓу крајбрежјето на Атланскиот океан и Сртот на Африка, познат уште како Сахел, кој со децении е погоден од суша, би можел да се раззелени во наредните 50 до 100 години.

Средоземноморското подрачје пак ќе биде подогено од суши, бидејќи северноафриканската клима се поместува се повеќе кон север, а додека добро познатата средоземноморкса клима со топли и суви лета и благи и дождливи зими ќе се помести кон Алпите и ќе стигне се до Северна Франција и Германија.

Летните дождови во Средна и Северна Европа ќе станат се поретка појава, прогнозира Кристоф Шер од високо техничкото школо во Цирих. Во средоземјето моделите покажуваат продолжување на летото од еден до два месеци. Тоа би имало фатални последици за ресурсите на вода:

„Целата ситуација со летните резерви за вода е мошне критична. Се уште не е потполно јасно какви сериозни последици би можело тоа да има. Но намалувањето на дождовите во лето и во средина на годината јужно од Алпите и во средоземните подрачја претставува потенцијална опасност. Понатамошната редукција во места каде водените ресурси и онака се веќе прилично исцрпени е непожелна појава.„

За време на типичната летна суша земјата се суши, а зимските дождови кои досега се грижеа за баланс во иднина би можеле да изостанат.Тоа значи дека земјата не е повеќе најважен резервоар за вода, вели Мартин Бенистон:

„Намалувањето на зимските дождови може да се надокнади до одреден степен со технички можности, како изградба на акумулациски езера или со системи за наводнување. Не очекуваме дека во Јужна Европа ќе се формираат песочни дини, но веројатно е дека тие региони ќе имаат проблеми со вода за пиење. „

Промените северно од Алпите можат полесно да се почувствуваат, смета Мартин Бенистон. Зимските дождови во комбинација со Алпите на кои нема многу снег и глечери можат потполно да го сменат количеството вода на европските реки. Така средноевроските реки како Рајна и Дунав во зима би имале многу вода , во лето би биле скоро суви.

Општо земено значи климата се поместува кон север-северноафрикансклата клима кон Јужна Европа, а субтропската сува и топла клима се повеќе се приближува кон Средна Европа.