1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Драматично расте бројот на жртвите во Кина

Четири дена по земјотресот, армијата и полиција конечно се пробија до сите погодени региони. На помош пристигнуваат и првите странски екипи. 50 000 загинати е последната бројка, но се очекува таа уште да расте.

default

Спасувачите не се откажуваат од потрага по преживеани

Според последните информации од земјотресот е погодено половина од населението во регионот, или 10 милиони луѓе. Спасувачките екипи на теренот се во трка со времето во обид да спасат што е можно повеќе оид затрупаните. Добрата вест е дека утринава е пронајдено преживеано момче, кое 80 часа лежело под урнатините. Министерот за здравство Гао Чанг во Пекинг изјави:

„ Овој земјотрес во Сечуан е најтешка природна катастрофа од формирањето на Народната Република во 1949 година. Порано немаше волку брза и ефективна реакција на катастрофата„. Од цела Кина во погодениот регион се испраќа помош. Властите наредија испраќање на уште 100 хеликоптери со падобранци до повеќето отсечени места до кои може да се стигне единствено од воздух.

Кина прифати и странска помош

Веќе се пристигнати руски авиони со помош. Се очекуваат и експерти од Тајван и Јапонија, а од Германија доаѓа еден експерт за катастрофа од организацијата „Каритас“. Сеуште е нејасно колкави ќе бидат размерите од катастрофата. Државната агенција засега оперира со бројка од 50.000 загинати. Освен тоа, закана претставуваат и браните. Министерот за водени ресурси Чен Ли зборува за сериозна катастрофа. Доколку попуштат овие бариери, поплавата ќе однесе во смрт уште илјадници кои се затрупани во градот Беичуан.

Chinesische Premier Wen Jiabao und Präsident Hu Jintao in der Provinz Sichuan

И премиерот Вен Џијабао и претседателот Ху Џингтао се во Сечуан

Вен: „треба да бидеме солидарни“

Инаку во меѓувреме во градот Кингчуан е потврдена смртта на уште 270 ученици. Премиерот Вен Џијабао испрати зборови на утеха:

„Ги видов урнатините на училиштето. Се чувствувам исто како и вие, многу тешко, жалосно. Мораме да жалиме за жалиме за жртвите. Истовремено треба да бидеме и солидарни. Мораме повторно да изградиме еден подобар Кингчуан“, изјави Вен Џијабао.