1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Драматични превирања во Украина по претседателските избори

Украина е во длабока политичка криза. Опозицискиот лидер Виктор Јушченко, кој ги спори иѕборните резултати, повика на масовен штрајк. Неговиот противкандидат и официјален победник на иѕборите, Виктор Јануковиќ, пак побара отворен дијалог. Меѓународните фактори, во меѓувреме, повикаа на политички договор и побараа истрага за иѕборниот процес во Украина.

Протести во Киев

Протести во Киев

,, Многу сме, не можете да не победите,, скандираа и утрината десетици илјади демонстранти во Киев, кои веќе четрвти ден протестираат против победата на актуелниот премиер Виктор Јануковиќ на претседателските избори во Украина. Ситуацијата особено се заостри откако Државната иѕборна комисија ги објави официјалните резултати, според кои, Јануковиќ освоил 3 % повеќе гласови отколу опозицискиот лидер Виктор Јушченко.

Украинските власти, во меѓувреме повкаа на дијалог за решавање на кризата.

,, Подготвен сум да се сретнам со опозицијата и да одговорам на сите прашања. Убеден сум дека можеме да се договориме и да продолжиме да живееме заедно,, рече Јануковик, додавајќи дека не му е потребна изборна победа која што може да предизвика човечки жртви.

Јушченко , истовремено, повика на масовен штрајк против изборниот фалсификат:

,, Единствениот пат до компромис за решавање на конфликтот е отворен протест. Затоа, Комитетот за национален спас повикува на Генералнен штрајк. Тоа е нашиот одговор на политичката несовесност на режимот на Кучма и Јануковиќ,, , рече Јушченко, чии приврзаници синоќа ја завземаа административната зграда на украинскиот дом во центарот на Киев. Една од опозициските лидери, Лидија Тимошенко, пак, повика на блокада на државните институции, аеродромите, железничките пруги и патиштата во Украина.

Претседателот во заминување, Леонид Кучма, кој отворено го поддржува Јануковиќ за свој наследник, претходнио изјави дека постои реална можност да дојде до граѓанска војна и ја обвини опозицијата дека сака да изврши државен удар.

Меѓународните фактори, кои го поддржуваат прозападмно ориентираниот Јушченко, предупредија на голема криза во Украина. Европската Унија, чиј висок претставник Хавиер Солана повика на политички договор, побара истрага за тоа како бил спроведен изборниот процес, а холандското претседателство испрати свој официјален претставник во земјата.

САД, сооптшувајќи дека не ги признаваат изборните резултати, предупредија на заладување на односите меѓу двете страни.

,, Доколку украинската влада не реагира веднаш и одговорно ќе следуваат последици по нашите односи, за надежта на Украина за евроатланската интеграција. Изборните резултати се нелегитимни, бидејќи нема спроведено истрага за големиот број доверливи извештаи за измами,, рече државниот секретар Колин Пауел.

Загриженост поради раѕвојот на ситуацијата во Украина покажа и генералниот секретар на ОН. Кофи Анан ги повика Украинците да покажат максимална воздржаност и да се придружуваат кон демократките принципи.

Поврзана содржина