1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Драматична слика на пазарот на труд во Јапонија

Јапонија е соочена со најтешката економска криза по Втората светска војна. Ситуацијата на пазарот на труд станува се`подраматична. Работните места ги има се`помалку.

default

Кризата започна на берзите

Ситуацијата на пазарот на труд во Јапонија станува се` подраматична. Многу од вработените се ангажирани на определено време или работат со скратено работно време. Оние кои ќе останат без работа, често стравуваат тоа официјално да го соопштат. Статистиката понекогаш може да мами. Официјално, стапката на невработеност во земјата во јануари изнесувала 4,1%. Тоа е за 0,2% помалку во споредба со декември 2008. Истовремено, земјата која е извозно ориентирана е соочена со пад на бруто националниот доход од цели 13%. Од ова како први се погодени непријавените работници, кои според проценките ја сочинуваат една третина од работната сила во Јапонија. Во периодот од март до октомври минатата година без работа во земјата останале 157 илјади од нив. Тие не влегуваат во официјалната статистика, бидејќи биле нерегуларно вработени: „Порано работев во Тојота. Имав договор на одредено време кој ми беше прекинат на крајот на минатата година. Се решив да поведам постапка, бидејќи моите родители живеат во овој град“, вели овој млад човек, кој е жител на градот Суита во префектурата Осака.

Локалните власти се изненадени од ненадејната навалица од луѓе кои бараат работа. На огласите за пет работни места се јавиле дури 2.362 лица. Околу 35% од нив биле на возраст од околу триесет години. Осум проценти биле на возраст од над 50 години. По писмениот тест, во април ќе биде донесена одлука кои од конкурентите ќе бидат најсреќни и ќе ја добијат работата.

Властите преземаат мерки

Јапонските власти размислуваат како во услови на криза да им помогнат на луѓето, но и на самите себе. На крајот на минатата година во министерството за земјоделие била формирана група која треба да го поттикне вработувањето во делот на земјоделието, шумарството и риболовот. Во целата земја на ниво на општини биле отворени канцеларии за пријавување. Хидеки Ичиносеки, заменик раководител на секторот во министерството за резултатите вели дека до 18 февруари околу десет илјади луѓе се интересирале за понуди за работа. Околу четири илјади од нив биле од областа на земјоделието.

Japan Wirtschaft Obdachloser in Tokio

Се зголемува бројот на бездомници како последица од кризата

Од околу четири илјади, 183 лица добиле работа и тие веќе се преквалификуваат. Освен тоа сеуште има 1 800 отворени понуди, од кои 700 се за работа на неопределено време. Хидеки Иничосеки сепак смета дека станува збор за работни задачи кои не се лесни за луѓе кои досега работеле во канцеларии или на машини: „Понуди за работни места постојат, но сепак тие не се онакви какви што ги замислуваат луѓето кои бараат работа. Тие бргу стануваат свесни дека се работи за тешки работни задачи за кои нема да бидат способни во целост да ги извршуваат. Ваквиот феномен е присутен и во другите области„ вели Ичиносеки.

Сличен е примерот и во делот на згрижувањето на старите лица. Јапонија е земја во која наталитетот е на многу пониско ниво и од Германија. Се` поголем е бројот на стари лица кои мора да се сместуваат во домови. Меѓутоа присутен е проблемот со персонал. Во услови на криза во Јапнија, овие институции бараат голем лица за работа. Притоа се бараат кандидати со средна годишна возраст на кои им се нуди просечна плата.