1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Драматична ситуација во Босна и Херцеговина

Во цела Босна и Херцеговина денеска (07.02.) безбедносната ситуација драматично се влошува. Во Сараево и други градови социјалните протести се претворија во безредија и судири со безбедносните сили.

Протести на граѓаните има во Сараево, Тузла, Приједор, Јајце, Зеница, Тешањ, Брчко, Мостар, Бихаќ и уште десетина други градови во БиХ.

Во центарот на Сараево има густ чад, а во болницата Кошево се примени околу 40 повредени лица, демонстранти и полицајци. Во тепачките има и голем број повредени новинари и фоторепортери. Главните градски сообраќајници се блокирани, а во центарот на градот одекнуваат и топовски удари. Неколку стотини граѓани на Сараево успеаја да се пробијат до зградата на Претседателството на БиХ. Влезот е демолиран, а од влезната врата е симнато и знамето. Според некои непотврдени информации во зградата веќе влегле повеќемина демонстранти. Претходно тие врз објектот гаѓаа со камења, а се јавува и за пожар во една од просториите на приземјето на зградата. Полицијата се обидува со водени топови да ги растера демонстрантите, но засега безуспешно.

Demonstrationen gegen die Regierung in Tuzla

Запалената зграда на владата на Тузланскиот кантон

Група демонстранти претходно влезе во зградата на Сараевскиот кантон и продолжи да пали и фрла инвентар низ прозорците. Демонстрантите турнаа и едно полициско возило во реката Миљацка. Тие запалија и неколку луксузни автомобили паркирани пред зградата на Сараевскиот кантон. Неколку стотини граѓани на Сараево успеаја да се пробиjат и до зградата на Претседателството на БиХ и врз неа гаѓаат со камења, а се јавува и за пожар во една од просториите на приземјето на зградата.

Демонстрантите во Тузла, Зеница и Бихаќ ги запалија зградите на кантоналните влади. Не е познато колкава е материјалната штета, а сите пожари се локализирани. Според досегашните информации, полицајците кои ја чувале зградата на владата на Зеничко-добојскиот кантон им ја препуштиле на демонстрантите контролата над објектот. Во Зеница имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите и притоа се повредени повеќе полицајци, а медицинска помош побараа и повеќе граѓани.

Eskalation der Unruhen in der bosnischen Stadt Zenica

Зеница

Демонстрантите ја запалија и кантоналната влада во Тузла, која е целосно демолирана. Во Тузла околу 10.000 демонстранти денеска се собраа на мирни протести, но тие се претворија во безредија, во текот на кои демонстрантите го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на владата на Тузланскиот кантон. Премиерот на тој кантон Сеад Чаушевиќ попладнево поднесе оставка. Демолирањето на други објекти на власта, како општинската зграда, продолжува.