1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Драмата во рудникот за јаглен се уште трае

Во драматична спасувачка акција е извадена првата група од 15 рудари кои од четвртокот се заглавени во поплавената јама во рдуникот за јагнел. Сепак не се сите вести оптимистички како на почетокот. Последните информации од рудникот "Западнаја" од Новошахтинск кај Ростов на Дон, велат дека нема контакт со 13 рудари и тие засега се водат како исчезнати. Претходно беше соопштено дека сите 46 се преживеани.
Првиот контакт по два дена во поплавената јама беше остварен утринава. Специјалните нуркачки екипи најпрво го сопреа протекувањето на водата во јамата која е длабока речиси 800 метри. Тие ја спроведуваат и акцијата за спасување. Успеаја и да го инсталираат специјалниот лифт со кој сега се одвива извлекувањето на рударите. Истовремено друга екипа започна да копа нов тунел низ кој ќе се пробие до местото на несреќата. "Сега чекаме на информации од извлечените" вели гувернерот на овој регион Владимир Чуб кој цело време е на местотот на несреќата. И рускиот претседател Владимир Путин повика на употреба на сите возможни средства и сили да се спречи поголема катастрофа. Несреќата, се случи во четвртокот вечерта. Во тој момент во јамата работеле 71 рудар. 25-мина од нив во последна секунда успеаја да се спасат, кога бетонски sид попуштил пред притисокот од големо подземно езеро и водата почнала да навлегува во ходниците на јамата. Раководството на рудникот не ги отстранило недостатоциите во сигурносниот систем, изјави Министерството за енергетика во Москва. Во истата јама, отворена уште пред Втората светска војна, во февруари годинава веќе се случи сличен пробив на вода. Некои од руските рудници за јаглен, како и овој, се од времето на масовната индустријализација во ерата на Сталин, некои се уште постари. Со оглед на застарените постројки, несреќите се чести. Во јуни во Кузбас во Сибир 11 рудари настрадаа кога им се одрони sид во јамата, а во регионот на Ростов, во близината на границата кон Украина, само во изминатите две години загинаа вкупно околу 400 рудари.