1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Драг автомобил, честит 125. роденден!

Најсаканото чедо на Германците е автомобилот. Така барем беше досега. Односот кон автомобилот наликува на биолошки процес, кој завршува автоматски кога за тоа ќе дојде време. Но, сега програмата е пореметена.

default

Првиот автомобил на светот што го создаде Карл Бенц

Хериберт Шредер на својот 21-ви роденден ништо не му препуштил на случајот.

„Тоа беше еден 12М со мал глобус напред. За 150 марки“, раскажува Шредер.

Точно на роденденот тој сам си го подарил првиот автомобил, покрај возачката дозвола. Тоа му дало чувство дека станал возрасен.

„Во тоа време не беа толку убави, само ни‘ се чинеа убави, зашто беа наши. Малку да се провозиш, да видиш дали во автомобилот ќе ’скокне’ некоја девојка. Во тоа време беше така.“

Flash-Galerie Oldtimer Techno Classica VW Käfer

Автомобилите порано се сакаа како деца, но...

Денеска е Ајпедот попосакуван од автомобил

Но, одеднаш овие времиња се минато.

„Особено младите кои живеат во градовите се ’оладени’ кон автомобилите. Кај 30 до 40 проценти од младите кои живеат во градовите автомобилот едноставно не игра голема улога.“

Штефан Брацел од Аутомотив-центарот во Бергиш Гладбах смета дека автомобилот го заменија други статусни симболи:

„И се вика Ајпед!“

Ај-производите на „Епл“ се денеска она што младите го подразбираат под лајфстајл, производи со кои се поврзува живеењето, и дури можеби и животната ориентација.

„Погледнете ги социјалните мрежи како Фејсбук, кои имаат огромно значење за младите. Тоа сега е белег на диференцирање, таму младите комуницираат, контактираат со своите пријатели. Тоа денеска е повеќе кул, отколку автомобил пред вратата.“

Flash-Galerie Berlin IFA Internationale Funkausstellung 2010 iPad

Ајпедот е „ин“

Аларм за автоиндустријата

Дотолку повеќе што автомобилот се‘ повеќе го губи добриот глас. Нема доволно паркинг-места, главните сообраќајници се хронично преполни и автомобилите ја оптоваруваат животната средина. Во вакви околности, средствата за јавен сообраќај, особено во големите градови, се вистинска алтернатива. Ако во 1988 година 30% од новите купувачи на автомобили беа под 30-годишна возраст, денес такви има одвај околу 8%. Автомобилската индустрија веќе една до две години го има вклучено алармот:

„Мислам дека многу фирми кои нема да ја придобијат оваа целна група, ќе имаат проблеми подоцна, кога оваа целна група ќе биде на возраст да си дозволи навистина скапи автомобили, а ќе рече: ’Не, подобро ќе си купам скапа куќа или поголем стан, отколку автомобил!’ Ако овие промени не се анализираат, тогаш автоиндустријата е во опаснсот да стане излишна.“

Deutschland Autoindustrie Stellen Autoproduktion bei VW

Кој во автоиндустријата нема да се прилагоди, не му се пишува добро

Брацел смета дека се потребни повеќе електромобили, подобар дизајн, подобра поврзаност со останатите средства за сообраќај, автомобили кои човек повторно ќе ги сака. Големата љубов, сепак, не мора автоматски да значи купување на саканиот модел:

„Немам свој порше, возам службен!“

Прво се‘ одело нормално. Шредер заработувал повеќе и си дозволил исполнување на својот сон - порше 924. Добро, половен и со расипан цилиндер, но сепак! Потоа дошол и нов порше. Шредер до денес е одушевен од порше, а сепак...

„Немам свој порше, воопшто немам свој автомобил.“

Шредер, во меѓувреме, е раководител на центарот на „Порше“ во Келн и вози службен автомобил.

Автор: Јута Васераб / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски