1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Драги: ваква еврозона е неодржлива

Претседателот на Европската централна банка бара промени во еврозоната, за да се обезбеди нејзиниот опстанок. Оли Рен се залага за штедење.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека лидерите на еврозоната мораат да одлучат како сакаат да изгледа таа во иднина, бидејќи нејзината сегашна поставеност е „неодржлива“. Според Драги, Европската централна банка не може да ја исполни „празнината“ што зад себе ја оставија одделни влади и дека не може да го поттикне економскиот раст и структурните реформи.

Еврокомесарот за економија Оли Рен додаде дека единствено решение гледа во построгите мерки за штедење, кои единствено можат да ја спасат еврозоната од распад.

Бројките и натаму предизвикуваат загриженост и потврдуваат дека должничката криза во еврозоната е во целосен налет. Инфлацијата во 17-те земји што го користат еврото порасна на 2,6 отсто во април.

Вредноста на еврото на азиските берзи, во текот на вчерашното и утринското тргување достигна најниска вредност во однос на доларот и јапонскиот јен во последните години.