1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДПА ќе и отстапи место на ДУИ доколку тоа ја донесе Македонија во НАТО

Демократската партија на Албанците во Македонија и нејзиниот потпретседател, Мендух Тачи се подготвени за излезат од владата и да направата место за опозиционата ДУИ и Али Ахмети, доколку е тоа шанса за влез на Македонија во НАТО. Ваквата изјава Тачи ја даде по средбата со албанскиот претседател, Алфред Мојсиу, кој инсистира на внатрепартиски дијалог на партиите на Албанците во Македонија.

Дали навистина на столчето на Џафери ќе седне Ахмети?

Дали навистина на столчето на Џафери ќе седне Ахмети?

Албанскиот претседател, Алфред Мојсиу, разговараше со челниците на албанските партии во Македонија - во Тирана со Али Ахмети, во Скопје со Мендух Тачи. Неопходен е политички дијалог и соработка меѓу нив, инсистирал претседателот Мојсиу, чиј авторитет го уважуваат двете партии на Албанците во македонскиот парламент. Изненадувањето следуваше со изјавата на вице-претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, кој рече: “Подготвен сум да се сретнам со Али Ахмети каде било“, по што, доколку не е политички блеф, следуваше галантна понуда - ДПА би излегла од владата за во нејзе да влезе ДУИ доколку тоа Македонија ја донесе побрзо до членство во НАТО. “Никогаш нема да прифатам нарекување – победничка партија. Тие не победија на избори. Тие ги крадоа гласовите и ги земаа на сила. Но, ако навистина има голема желба да ја видите ДУИ на власт, ова е мое лично мислење, мене воопшто не ми претставува проблем сега да бидам опозиција и нема да се налутам, туку ќе дејствувам внатре во институциите на системот, ќе ги поддржувам сите реформи. Најважно ми е Македонија по една година да биде членка на НАТО“, изјави Тачи.

Тој својата понуда ќе му ја соопшти на премиерот Никола Груевски на лидерската средба на партнерите во владата и со учество на Тито Петковски од Новата социјалдемократска партија. Петковски неодамна изрази надеж дека и ДУИ би можела да биде владин партнер, но оваа изјава на Петковски тогаш наиде на остри рекации токму од страна на Мендух Тачи. ДПА не прифаќа голема коалиција со Али Ахмети и веројатно затоа нуди свое излегување за евентуален влез на ДУИ во владиниот кабинет на Груевски. Резултатите од овие политички маневрирања во Македонија ќе бидат поизвесни, откако задутре премиерот Груевски ќе одговори на писмото со критики на ДУИ, упатени јавно, минатиот петок. “Дијалогот за нас никогаш не бил проблем, секогаш сме биле отворени за дијалог, и дијалогот не е вистинската дијагноза на проблемот, затоа што дијалог имало и ќе има. Вистинската дијагноза се одредени барања на ДУИ и тие барања се всушност вистинскиот предмет на разговор - дали тие ќе бидат прифатени или не. Некои од тие барања излегуваат од рамките на уставот, некои бараат промени на уставот, некои од тие барања се дел од разговорите кои беа водени за Рамковниот дијалог и кои тогаш беа одбиени. Барањето најголемата албанска партија по автоматизам да влегува во владата било барање уште во тие разговори, колку што знам од луѓе кои учествувале во разговорите за Рамковниот договор и тогаш не било прифатено и сите страни се согласиле дека не треба да биде прифатено“, рече за време на викендот во интервју за телевизија Сител, македонскиот премиер, Никола Груевски.